ОД НИКОЛА МАЏИРОВ


Македонска Песна на неделата во Оксфорд


Македонското поетско чудо Никола Маџиров не престанува да изненадува. По убавиот шок со издавањето на книгата "Преместен камен" од издавачот "Ханзен Ферлаг", чин кој познавачите го карактеризираат како рамен на Нобелова награда за млад поет од Македонија, сега негова песна е прогласена за песна на неделата од центарот за поезија во "Оксфорд Оксфор Брукс". Песната е "Оној што пишува", од книгата објавена во САД "Остаток од друг век".

Овој оксфордски центар за поезија веќе четири години ја спроведува акцијата "Песна на неделата" и досега се промовирани песни од Тадеуш Ружевич, Вилијам С. Мервин, Пол Малдун и други британски и меѓународни поети. Центарот "Оксфорд Брукс" е активно вклучен во промоција на поезијата на Универзитетот Оксфорд преку организирање читања, промоции и тематски конференции. Песната на Никола Маџиров Пред да се родиме" беше објавена и во познатиот германски политички неделник "Ди цајт", а песната "Не знам" од книгата објавена во САД, беше избрана во светската поетска антологија "Јазикот на птиците" објавена деновиве во Узбекистан.

Извор: Вечер

http://vecer.com.mk/?ItemID=EBBF710FF9B93B4F81A844FD92556B2B