логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


11.

Речиси секоја ноќ, по неколку пати   ги  слушав сопствените врисоци што ме будеа  престрашена и со длабоко  чувство  на  вина.  Нивната содржина  беше слична, а актерите во соништата беа ликовите на луѓето кои бараа помош  од мене.
Госпоѓата на  која  ѝ помогнав да  го  пронајде автомобилот, во кој што по четири дена  го изгуби синот, беше најчесто присутна.
Постојано беше со  долга, бушава  коса  и зацрвенети очи, а наместо раце  имаше канџи.  Полека се приближуваше кон мене со неподносливи врисоци. Сакаше да ми ги извади очите.
„Ти, ти го  пронајде  автомобилот, ти  ми  го уби синот."
Во следниот  миг  ми приоѓаше госпоѓата која се  самоуби. Таа  скоро  секогаш беше  облечена во бел, искрвавен фустан,  во рацете носеше стотици таблети, кои  насила сакаше да ми ги стави во устата. Плачејќи извикуваше:
„Еве, земи  ја, испиј ја слободната волја."
Ужасни  врисоци  ме  будеа   неколку  пати   во ноќта,  а  стравот од повторените слики  не ми да- ваше  повторно да заспијам.

* * *

Ете,  до каде,  во тоа  време,  ме доведе  наивното отворање на Пандорината  кутија. Сѐ почна од љубопитност да се поигра со оганот,  да се патува од онаа  страна, да се бара  некаква вистина, да се биде  учесник во големиот заговор, од незнаење. Господарот на (п)адот никогаш никому не приоѓа  со видливо  лоша  намера. Но, така е само  на почетокот на кобната игра. Во почетокот тој нуди предизвик, еуфорија, слава, гордост, а подоцна ропство и стрмоглаво паѓање.
 Сите  кои ги  заробил и ги  упатил  кон  магиските  обреди, од него  се  моќни  да исцелуваат, да воодушеват и  да  ги соблазнат малите во верата, за тие  повторно и повторно  да  се враќаат назад, затоа што моќта  на овие  е привремена. Ниту уроците  на  децата ги тргаат засекогаш, ниту  болестите ги лекуваат засекогаш, туку само  нудат  доза  по доза  надеж,  за да ги  чуваат повторно заблудените  кај  себе.  И наместо да  биде  волјата Божја, луѓето се  покоруваат на  волјата демонска, па  на лесен начин си  купуваат среќа. Без страв ја менуваат судбината на другите по сопствена желба.  Си велат:
„Што  лошо  ќе  направам, ако ја одвојам  снаата од синот?"
Ништо, само  што  она  што  за  тебе  е  добро,
може да  не  е добро  за твојот  син.  Она  што е радост  за  тебе,  може  да  биде  тага за  братот   твој. Она што тебе  те усреќува, друг  може  да го унесреќува. Та нели,  пред  Бога  сите  сме  едно   и белите  и црните и лошите и добрите, сите  сме Негови  возљубени созданија.
Ако е така,  а така  е, мислиш  ли дека  солзата што  ти  си му ја предизвикал  на  братот  твој,  тебе  ќе  те  одмине? Не,  сигурно не! Но, тоа  и го сака световниот илузионист, да  ни  го  замагли видот, да ни го заслепи умот,  да ни ја опустоши душата, да ни го скамени срцето.
Ризикувам многумина од  вас  да  ја  затворат книгата, препознавајќи се  себе  си и резигнирано да речат:
„Оваа  Марија влегла во свој ’филм’, изигрува повторно  спасител, лажен  пророк, која  е пак  таа да ни ги урива  илузиите до крај..."
Но, Марија совршено добро знае дека  во времето на падот, беше пророк на лагата, најпадната од паднатите, таму, во центарот на  кругот. Во пустината на духот стигна до најдолното скалило на  човечкиот пад  и сите  солзи што ги пролеа од тие  дни  до денес  се  само  една  капка во океанот од солзи на оние кои ја следеа.


„Пазете се од  лажните пророци кои  доаѓаат во јагнешка кожа, а одвнатре се волци грабливи"
Дела  20,29


БУДЕЊЕ

1.

Ме разбудија ненадејни силни  и остри  болки во стомакот. Беше есен 1991 година. Октомвриското  сиво утро го притискаа  заканувачки тешки, црни облаци. Болката се повтори со уште пожесток  интензитет. Заплисната со плима од ненадејни  и  неочекувани емоции на осаменост и страв, ја повикав Весна, а потоа сѐ се  случуваше многу брзо.
Следеше болничкиот амбиент во кој што  започнаа  рутинските  испитувања и  тешката неиз весност. Специфичниот болнички мирис, лелеците на луѓето што страдаат, ехото од отчукувањата на  нечие  изморено срце, луѓето  што  како  болни сеништа се движеа наоколу..., сето  тоа потсетуваше  на  ходник  на  надежта,  ходник со  две  врати; или   се  излегува жив од едната, или  се заминува на онаа  страна, од другата.
Рутинската визита започна. Лицата на  болните во соседните кревети оддаваа страв,  загриженост,  очекувајќи да ја чујат  вистината. Во темните ходници  на искушението,   докторот  беше строг  судија, кој ќе им го наговести правецот или вратата низ која  ќе излезат. Лежев  растреперена, истовремено превиткувајќи се од болка.
- Од  кога  започна вашата болка? - запраша дежурниот доктор, притискајќи ми го стомакот со обете раце... Откога ги погледна и другите резултати, забележав значајно и неизвесно вртење  со главата, а потоа  ја чув пресудата:
- Сестро, спремајте ја за операција.
Се  чувствував како   мало,  кутро,  безначајно детуле без  својата мајка. Немаше ниту  трага од силната, моќна  Марија во  тој миг. Гледав исплашено  налево  и надесно за  да  препознаам  некои  љубезни  очи  што ќе  ме испратат, но такви не  видов.  Таванот брзо  се  дижеше над  мене,  болката ме кинеше и го зголемуваше стравот. Злокобното чкрипење на тркалцата од  подвижниот кревет го зголемуваше  впечатокот на  безизлезност,  неизвесност и  ужасна осаменост. Немав време  и  не знаев  кому  да  се  обратам, кого  да  помолам, од кого  да побарам, во кого  да се надевам..., кога  видов дека  анестезијата беше подготвена.
Тие  луѓе   во  бели   мантили,  рутински  и  без чувства, блаботејќи, се  врткаа околу  мене,  вршејќи  си  ја работата. Се надевав барем на  една  насмевка, еден  упатен збор  на  оние  кои стоеја  врз моето лице.  Последното што  го  видов  беше  бле- сокот   од  рефлекторите  и  мислата  дали   пак   ќе осамнам. Во тој ужас на  безброј  распрскани и недоречени слики   и  емоции,  се  чув  како   бројам: еден,  два, три..., треперење на срцето и... ништо.

Пребивав во  мрак.  Се  провлекував низ  црн тунел без  слики,  без  звуци.  Потоа, за  миг  прескокнав со напор до  свесноста за себе си. Првата мисла ми  беше: „Преживеав, тука  сум.". Повторно силна  болка  и повторно  назад, надолу.
 Подоцна, некаде од далечина доаѓаше спасителен глас:
- Разбуди се, доста  е спиење - се обидуваше, веројатно по  навика,  да  ме  охрабри дежурната сестра во одделот за интензивна нега.
Колку  среќа предизвикана од една  формално изговорена реченица, од нејзината близина!
Се обидов  да  ги  отворам очните капаци, но тие  ми беа толку многу  тешки.  Сепак,  пред  да потонам во закрепнувачки  сон, ја почувствував радоста  поради зракот од црвеното сонце  што  по
минуваше косо над мојот  кревет.
Следните денови бев опкружена со познаници и пријатели кои  сакаа да  ме посетат. Но, ноќта одминуваше тешко.
Насекаде наоколу се чувствуваше присуството што ширеше, кој знае од кога,  акумулиран страв,  болка, надеж  - реа  на смртта! Одненадеж, однекаде ќе крикнеше болката на  некој  кој штотуку страдаше. Тука,  во чекалната на  пресудата, целата бесмисла на животот  копнееше за искрата на некоја вистинска надеж. Само  злокобното цупкање  што ѕунеше од стапалата на  дежурната сестра  во ходникот,  внесуваше димензија на  живот. Но во исто  време,  тие  беа  и најосвестените мигови  за  средбата со  себе  си,  со  сопствената  кревкост, осаменост, беспомошност...
Таму, надвор од овие ѕидови течеше  инерцијата  на животот  со бојата  на  страстите: пари,  кариера,  гордост, слава, ситни фрустрации, болни амбиции. Некаде, пак, лежерно арчење на  времето во суетни работи,  бесцелни муабетења и кикотења   или,  од  друга  страна,  опсесивна загриженост  и  страв од животот.  Кога бев  таму,  верував дека  сум моќна, самодоволна, дека  сѐ знам.  Само еден  ѕид  оттаму, во оваа колективна болка  на  едно место,  добив  силна  шлаканица и свесност, дека  сум  отпадник без  име.  Кога  смртта би дошла сега, тоа  ќе  биде  само   просто   умирање, заради умирањето, без сознание која сум и каде  ќе одам!
Времето од само  неколку часа во ноќта,  тука, во болничкиот кревет, претставуваше  измудрување,  повеќе од  целиот  изминат  живот,   таму,   од онаа  страна. Тука, во болката моја,  никна зракот на  виделината, но вистинското име  сѐ уште не го знаев. Само  силно  чувствував дека   за  мене Невидливиот  чека со Љубов, да направам само  мал чекор за да ме земе  во закрила.
Сите  наредни ноќи   сѐ  појасно  растеше тоа сознание  во  моето срце.  Кога  ќе  ме  исплашеше помислата за смртта, се покривав со белиот чаршав преку глава, за неуко да се предадам Некому кој ми  го  земаше стравот како  најблизок. Верувајте  ми, зашто ова навистина не  се  само  празни зборови. Чувствував благ  допир, како  ветре  да ми ја милуваше косата и рамениците и ме  гушкаше со утеха.
Но, по десетина дена  состојбата се влоши.  Се вратија треските, високата температура и  одлуката за втора хируршка интервенција, не  знаејќи што друго. Дигајќи ги рамениците ме  шетаа низ сите можни  клиники, но, немаше дијагноза. Повторно започнаа нови анализи,  инсинуации  за страшни  дијагнози..., а  јас,  по  три  недели едвај стоев   на  нозе.  Дишев  како  свеќа, без  здив,   без енергија, без живот.
Така, еден  ден  самата одлучив да го посетам раководителот на  клиниката, д-р Горан.  Тој беше  сериозен, одмерен и одговорен човек и претставуваше страв и трепет за персоналот, бидејќи  бараше дисциплина и работа. Специфика на лицето му беа правилни и строги црти, а по природа беше шкрт  на зборови.
Тој го прифати разговорот за моите дилеми и стравови. Ме погледна преку  очилата, за чудо,  со насмевка на лицето и едноставно рече:
 - Марија, заминувај оттука, што поскоро заминувај. Сѐ уште  не ти е местото  овде.
До денес   ги  паметам овие  зборови, по  кои животот тргна во нови  насоки. Случајно ли беше, кој ме доведе  до овие случувања? А веднаш  потоа следеше прашањето: „Дали  ќе  беше   пополезно, доколку  некој  видовит човек  ми  го  покажеше начинот  како  да ја превенирам болеста, ако  бев  лишена од  ова,  сега би  рекла,  полезно страдање што ме доведе  до нови  искуства!!?
Но, оздравувањето не доаѓаше ниту дома,  ниту по цел  месец поминат во  домашен амбиент. Боледував сама, во најсуровата смисла на зборот, престрашена, без  подадена рака, ноќи  исполнети со кошмарни соништа. Ниту будењата не беа поинакви.  Претставуваа кошмар на  јаве,  а  студот  и потта ја  натопуваа постелата со вкусот  на  дното од падот, од каде  што, сѐ поверојатно, постоеше само  еден  излез - нови,  спасителни,  породилни маки  низ  тесниот тунел  нагоре кон  спасоносната Светлина.
Подоцна, од  доверливи  луѓе   разбрав  дека оперативниот зафат бил стручно неоправдан. Напишале дијагноза колку да ја прикријат сопствената  грешка!  Но, дали  грешката беше  случајна? Чиј „план" беше ваквиот редослед на настаните?

* * *

Уште долго  не се чувствував подобро. Болката им го отстапи местото на рамнодушноста и помиреноста со тоа што ќе следи.
Сѐ до тој  понеделник, тој ноември деведесет и првата, кога неочекувано се случи  и мојот  втор роденден. Дојде  спасителниот глас што  ми  го измени животот,  ги преоблече во ново руво, умот, срцето, целото мое јас. Ќе ви пренесам, иако  недостојно и неуко  спрема живиот  опит  на големите  подвижници - со прости  и едноставни зборови, буквално така како  што  стои  запишано во дневникот  за тој голем ден  што  по милоста Божја  го добив  на дар.
Одненадеж, безизлезот ме кутна  на  земја во молитвен  став...   Паднав   на  коленици со  рацете подигнати нагоре. И... какво чудо! Слепиот прогледа... заедно во едно  место,  во  срцето ја спознав непознатата вистина, изгубената надеж, утехата, ме огреа непознатата светлина, чистата радост  и  таква љубов, што ме земаше во себе  и јас бев  во неа.  Река  ненадејни и слатки солзи ми го открија преславното име  на  толку  бараната Вис- тина,  името на Спасителот!
Претходно неподучена од никого и никаде,   туку  самиот Тој  -  непознатиот ми  се откри  во  срцето, а устата само  изговори: „Господе Исусе мој,  помилуј ме,  спаси ме!  Спаси ме... спаси ме...!
Ниту телото, ниту  болката, ниту  било  што од
светот во тој миг  забележував. Сѐ што бев јас, беше лесно  и заедно со умот  и срцето обвиткано со Љубов, љубов што на некој начин, пулсирајќи, како  топол  зрак се  ширеше нагоре и пак  се симнуваше.
Устата  моја изговараше слатки зборови, како што  претходно никогаш и никому  не му ги беше  упатила. Исусе, најмил, Исусе,  пресладок, Исусе, љубов моја, Исусе, спасу мој...Исусе, Исусе,  Исусе...!
Љубовен пламен во нежни бранови се  искачуваше  нагоре и го бараше Неговото име  и повторно се враќаше до срцето, кое низ  воодушевувачки солзи од средбата со Него, го  бараше... И сѐ така  во круг,  љубовен круг -светлосен круг,  од горе - до срцето - од умот  до срцето!
Сакав вечно да  останам во  таа   целост, таа суштина со Него.  Болната душа  го бараше лекот,  жедното  срце  - Изворот!
Но, солзите се исушија, пламенот се смири,  остана тишината и мирот. Знам, повторно бев родена, измиена, разбудена!
Ете, така, најискрено, без фантазија, од никаде  украдено, се  обидов  да  ви објаснам  како блудниот син,  како  грешницата, се  обидов  колку што умеат зборовите, да ви ја пренесам дадената шанса да се вратам дома!
Дали  целиот период,  заедно со падот, беше  случаен? Дали и непознатата болест беше  случајна?  Дали,  сепак, сѐ заедно не беше  волјата Негова?  Тоа,  секако, со сигурност не го знам.  Но,  сигурно  знам  дека  беше  опомена и знак -  опомена за гревот, за сѐ што му нанесов на ближниот свој, свесно или  несвесно, сѐедно. А што се случуваше потоа? Чудото...! Само за два до три дена, по тримесечна болест ми се  врати  сјајот  во очите и бојата  на  образите. Оздравев! Совршено бев здра ва!


2.

Како започна моето будење видовте во претходниов  дел.  Но,  што  потоа   се  случуваше?  Еве што е забележано во дневникот:
„...Следуваше опсесивна потреба за  теоретски  знаења, што ги голтав како  прегладнета. Ја почнав потрагата  по  литературата напишана од нашите свети  отци.  Во  мојата  библиотека  и  до мојот кревет  - украс  - Светото Писмо.   Подоцна осознав дека  тоа  не е украс, туку најскапата жива книга - Светото Писмо,  мудроста над мудростите, философија над  философиите, наука  над  науките, Словото материјализирано. Проникнував во Божјите зборови, ги читав Евангелијата, по малку проодував, по малку прослушував, по малку  прогледував..."
Ќе ви раскажам уште за еден пресвртен момент во мојот живот што ме доведе до емоционална рамнотежа и уште поголем мотив  да ја продол жам невидливата борба.
„...Обичен   пролетен  ден,   како   создаден  за ново   будење! Набрзина  телефонски закажана средба и договорен службен  разговор. Набрзо потоа, ракување, брзо препознавање, заедничко поимање за  животот  земен и  животот вечен. Познанство како дарено во  тој  миг...,   реализиран брак  со мојот сопруг,  почеток на заедничкото патување,  почеток со  отворени очи,  конечно пронајден мир, секојдневие едноставно, смирено, истомислено, неоптоварено од материјалното околу нас,  далеку од сјајот  и  џагорот на  ноќната смрдеа,  од шарадата на „многу  важните" собири бојадисани со парфеми, пози, бесмислени муабетења, празни  насмевки, т.н.  јавен живот.  Од ближниот мој, сопругот, научив за безусловното давање..."
Во таа наша заедничка средба, по многу  раскрсници, го  препознав знакот. Сѐ повеќе ги  избегнував старите пријателства, кои ме  потсетуваа на  страшното  искуство. Се  чувствував како новороденче, кое штотуку  го  открива  светот  и вистинскиот   живот.   Сепак,  искушенијата,  како заканувачки  стрели, ме напаѓаа од сите  страни. Луѓето  сакаа да ме  видат повторно. Испраќаа пораки  со благодарност и молба да им се вратам.
Борбата не само  што не беше  завршена, туку штотуку започна. Од една  страна, жал за ближниот, со желба  да му помогнам, а од друга, отпор  во срцето,  дека   тоа   веќе   не   смеам  да  го  правам. Многу  ретко прифаќав средба со некои  од моите стари познаници и настојував да  ги  смирам, но, многу   внимателно,  претворајќи  ја  средбата  во пријателски  разговор.  Дури  и по таквите средби се  враќаше чувството  на  вина,  но  веќе знаев кон кого. Му грешев на Бога!
Подоцна, спонтано, повремените средби  беа со содржини од духовен  карактер. Им зборував за покајанието и за  Божјата љубов.  Го забележував разочарувањето  на   нивните  лица.   Поголемиот дел  од нив  очекуваа  да  им  зборувам на  стариот видовит начин, но,  тоа  не го правев. Сепак, и понатаму некои бараа средба со  мене,  признавам, исклучиво заради „стара слава".
Од друга страна, интимно сѐ повеќе  ја откривав  моќта  на  молитвата, која  што  во тоа  време,  пред  сѐ, ми беше  заради стравот од Бога.
Тежината на   моите  некогашни  постапки  и нивното влијание на  туѓите животи,  сѐ  повеќе ми се  освестуваа и  ме  опседнуваа. Се  јадосував, се кинев, се оплакував. Колку повеќе сакав да  ја видам светлината, толку  повеќе некој сакаше повторно  да ме  врати во темнината, но, сега со нови средства. Нешто никако не сакаше да ме испушти од рацете. Но, сега веќе знаев како  му е името и кој е спасот од него. Бунтовно му  го вртев грбот и повторно се враќав кон размислувањата за знакот со болеста и се  нурнував сѐ  повеќе во молитва.
Бродот на животот бавно заплови напред со сите  нови предизвици и искушенија и со лузните што потсетуваа на падот.
И  понатаму  често   се   будев,   срипувајќи  од
креветот во страв од ужасните соништа. Најчесто повторуван беше  следниот сон.
Гледав долга   колона  од  стотици  луѓе,   кои еден  по  друг, како  сеништа, бавно  се движеа надолу од блескавиот рид. Сфаќав дека доаѓаат кон мене, долу,  во подножјето. Таму,  пак,  наместо вегетација, се простираше калливо мочуриште, исполнето со сива  измаглица.  Околу  мене,  еден до друг  наредени, лежеа лимени ковчези. Луѓето  се тетеравеа,  слепи,   како  живи  мртовци.   Ме  бараа за да  ми  пресудат. Од мене се  очекуваше да  им ги видам  ликовите кои им беа покриени со темни превези, поединечно на  секој  од нив.  Ги  подигав превезите и ги  препознавав оние  луѓе,  на  кои во минатото им  пророкував. Лицата им беа  раносани и во ужас, врескаа: „Врати ни го животот!"  Потоа,  секој  од нив  ме  удираше  по образите со некаков  чуден,  вжештен камшик. Се будев  престрашена, со неподносливо чувство  на  вина  и со болка, што ги надминуваше сите  световни болки.
Знаев дека, за да  се  спасам од сеништата на минатиот живот, ќе морам да се борам со најсилното  оружје, а тоа  беше молитвата кон  Бога  и барањето прошка и милост од Него. Тогаш, сѐ уште не  знаев многу за моќта на исповедта и редовната причесна.
Ме оставаа на  мир  некој  период.  Но, повтор но  и  повторно  ме  опседнуваа  наредните  ноќи. Многу  често не ми  даваше мир  онаа  госпоѓа на која ѝ го пронајдов изгубениот автомобил, ме оставаше без  сон  до утрото, а целиот нареден  ден бев под впечатокот на нејзините зборови:
 „Врати ни го синот, земи си го автомобилот...  твој е... само  врати ни го синот!"
Лицето редовно  ѝ  беше  со  боја  на  мастило, исто  такви и беа и прстите со долги  нокти.  Во едната   рака  држеше голем  светол крст,  со  кој  се заштитуваше од мене.
Многу често повторуван сон  беше  и овој што сега ќе ви го раскажам.
Се упатував до некој  величествен свет  храм, прекрасна  црква   со  ширум   отворени  врати.  Се симнував по  неколку  скалила надолу  и токму  да стапнам  на   тремот,  влезот  ми  го  попречуваше фигура на жена,  облечена во црна  облека. Лицето и беше  светло, со строги и умни  црти.  Пред  себе носеше светол крст  и редовно  ми се обраќаше со следниве зборови:
„Тебе  сѐ  уште  не  ти  е  местото  тука,  излези надвор."
Со стравопочит, понизно ја молев:
„Пуштете ме, ве молам."
Таа не попушташе. Тогаш, со најголема снисходливост, понизност и копнеж  паѓав  пред  нејзините   нозе  и  продолжував  да  ја  молам   со  солзи.  Секогаш на крајот таа  покажуваше милост:
„Добро, стани. Ти давам последна шанса, за да  се  исповедаш и да  го  промениш животот. Тогаш  ќе ти ја отворам вратата. Не заборавај, имаш
само уште една  шанса!"

* * *

Петок навечер…на една приватна телевизија, секоја недела, веќе  подолго време се емитуваше емисија во живо „За нашата вера". Водителот не  беше  теолог, туку  човек кој  се  преобратил и сакал да помогне на овој начин.
Порано, додека го слушав, редовно ми  предизвикуваше чувство на антипатија, заради неговите арогантно-фанатични ставови, особено  за луѓето што се занимаваа  со  парапсихолошки вештини.
- Што знаеш ти, лицемерен - мрморев. - Кој е гревот ако го успокојам, ако му помогнам на братот - се залажував себе си. Подоцна, веќе не ја ни вклучував неговата програма.
 Но, тој петок, по неколку месеци, со задоволство  ја  пуштив  споменатата емисија.   Во  неа  се говореше за  Светата Тајна  Покајание и  Светата Тајна  Ефхаристија.
Зборовите од  најавената  тема   овој  пат   ги примив  како  одговор на  плачот и  потребата на
мојата душа  да се исчисти од сите  стари  чемери, а ги примив  како  мелем,  како  слатко искупително вино,  како  поука  и подготовка за вистинската средба со Бога. Исповед, Света Причест и Молитва, три  во едно  - најмоќното оружје против непри јателот.

Но,  следуваше и  ново  изненадување. На  екранот се  појави, за мене,  непознато црковно  лице.  Така  мислев сѐ  додека  водителот не  го претстави митрополитот Ѕ од една  наша епархија. Прво  што ми остави  впечаток беше  мирот  и кроткоста  на  неговото лице  и крупните очи,  полни  со внимание  и  љубов.  Зборуваше тивко, без  вознемирување  и  спокојно. Во неговото целокупно однесување сѐ  беше  природно,  без  поза, без  нагли гестови, без  надменост. Беше  толку  едноставен, а  неговите  зборови толку  питки,   што  помислив дека  го познавам целиот мој живот.  Но, сепак, и без тој да се труди,  неговото лице  зрачеше со некоја таинствена вдахновеност.
Зборуваше за невозможноста за живот  во заедница со Бога, без  Светата Тајна   Ефхаристија (Причесна). Дека претходно треба да ги исчистиме  телото од телесните страсти, умот  од лошите мисли, устата од тешки  зборови и клевети, а срцето  да пребива  во Љубов.
Подоцна продолжи  на   темата  „Магискиот пристап кон животот". Објасни накратко за нивните манифестации  врз  нашето однесување;
верувањето во бајачи и гатачи, предвидувачи, бели и црни  магии и други  такви недолични работи, па,  отприлика изговори нешто вака... „Тие  дејанија  му се одвратни на  Бога, а на таквите и на тие  кои одат  кај нив да им се забрани причест во време од...". Бев стуткана како зајаче, се чувствував помала од најмалиот и скришум ѕиркав во екранот до доцна  во ноќта.
Ја донесов одлуката: ќе го направам тоа,  што поскоро!

 

(Продолжува)
* * *
Сите настани и ликови во романов  се апсолутно веродостојни.
Сменети се само  имињата  на некои  ликови

Друго:

Matka.odLit4.jpg

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1249
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1573
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная