Fridman.Viktor.jpg

Скопје, 14 мај (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите денеска  ја промовираше книгата „Делото на академик Виктор Фридман“, издание посветено на американскиот балканолог од областа на македонистиката и албанологијата.

Претседателот на МАНУ Георги Старделов рече дека настанот е  исклучителен  поради претставувањето на делото и личноста на еден од најголемите истражувачи на македонскиот јазик.

Fridman.Viktor.jpg

Fridman.Viktor.jpg

- Фридман има статус на еден од најпознатите балкански лингвисти, а неговото дело многу стручни лица го оценија како големо остварување. Книгата опфаќа многу нови и интересни сознанија, како тоа дека модерниот македонски јазик почнува после 2 август 1944 година, рече Старделов.

Тој истакна дека Фридман е импозантна и ретка патриотска личност, која отвора нови хоризонти на македонскиот јазик. Според Старделов, балканологот самиот се идентификува со македонскиот народ.

Fridman.Viktor.jpg

Во своето обраќање, академик Фридман посочи дека за него македонскиот јазик е вовед  во балканистиката, а Македонија  е срцето на балканскиот јазичен сојуз. Заблагодарувајќи им се на присутните тој додаде оти му е големо задоволство што во вториот дел од книгата прочитал многу убави работи за себе.

Книгата е поделена во два дела со 380 библиографски единици. Во првиот се опфатени приказ и анализа на граматичките категории на македонскиот јазик, а во вториот дел е сместена биографијата на Фридман и изјави од релевантни лица за неговите досегашни дела.

Балканологот Фридман досега има објавено 300 трудови и девет монографии и е еден од најголемите афирматори на македонскиот и на сите јазици од Балканот во светски рамки. лѓ/хс/14:32

Fridman.Viktor.jpg

 Fridman.Viktor.jpg

Fridman.Viktor.jpg

Fridman.Viktor.jpg

 Fridman.Viktor.jpg