Borce.Orashanski.jpg


БОРЧЕ ОРАШАНСКИ е роден на 28 мај 1949 година во с. Винце -Кумановско. Потекнува од земјоделско семејство, татко Душко и мајка Васа. Од 1955 година живее во Маџари - Скопско. Дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје на Групата југословенска книжевност, а ги ислушал и постдипломските студии на Институтот за правни и политички науки, Група социологија на културата во Скопје.
Објавени книги: Мислаум (1980), Патот на Мислаум (1980), Селидба (1988), Нова семка (1988), Птиците во Маџари (1994), Со вера во вистинскиот Бог (1995), На патот Божји (1996), Збор посилен од мевлем (1996), Сонетза Господовата молитва (1997), Весело срце (1998), 2000 стихови за христијанството (2000), Цветот што се смее (2001), Незаборавно детство (2001), Винце око Русково (2001), Трпеза (2002), Македонските бранители (2002), Седло во отпад (2002), Движење на молкот (2003), Режи буки (2003), Свеги деланки (2003), Деца бегалци (2003), Ние подножјето (2005), Разговор со ѕвездата (2005), Господовата (2006), Евгенија Истамбулска (2007), Блесоци од Голготата (2007) и Лирика (2008).

Borce.Orashanski.jpg


Песни објавува во: Современост, Разгледи, Стремеж, Стожер, Студентски збор, Нова Македонија, Беседа, Спизалит, Бирлик, Тимок (Заечар), Младост (Белград). Преведуван е на бугарски, на турски и на српски јазик. Застапен е во две антологии од Васил Тоциновски, во изборот Македонската книжевност - проект на Владата на Република Македонија (2008), а објавил и две монографии за македонските иселеници.
Награди: Прва награда за збирката поезија Селидба за најдобар поет од здружениот труд на Македонија, поет-лауреат за 2001 година за поемата Трпеза на Конкурсот за најдобра поема - Награда Григор Прличев, прва награда за најдобар есеј на Конкурсот на Емари институтот од САД што го објави Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип... Пишува романи, раскази, есеи, драми, монодрами, а во печат е книгата Тагување посветена на Тоше Проески.
Работел како стаклорежач, 13 години новинар (4 како главен и одговорен уредник), 6 години во Собранието на градот Скопје, 10 години како приватен книжар, а денес живее и работи како слободен уметник-писател во Скопје.

Borce.Orashanski.jpg

Наскоро се очекува да излезе неговиот прв роман КУЧЕТО ПЕТТРИ, во рецензија на акад. Георги Старделов.


Angel.Ma.jpg

БОРЧЕ ОРАШАНСКИ - „МОЈОТ БОГ“
НА ВЕЧЕРНА

На зајдисонце во Манастирот
денот лесно одминува.
Милина и кога се стемнува.

Одам на Вечерна со монахот
Гледам како тој го пали кандилото,
како со Божји Страв му приоѓа

- Чудна светлина кон нас доаѓа!

Во зимските ноќи згуснати
монахот со молитви бдее.
Чувствувам!
Од жарот дабов што тлее
Молитвата повеќе грее.

0, во тие блажени тишини
можеличовек
на Живата Вода да и одолее?

На зајдисонце пред манастирот
Сонцето румено заоѓа.
На Вечерна во храмот Божји
ново сонце во нас се раѓа.


МОЛИТВАТА

Таа е со првите цврсти чекори
на патот кон духовниот живот
Клуч на Света врата од векови
со прекрасни букви на Мојот род.

Таа е Мостот злото што го мине
и блажено води кон Мојот Бог
Дар со кој лошата мисла се кине
грстод смирение, прошка и Влог.

Таа поткрепува радостангелска
со нов Изгрев светлина во душата
Молитвата Господова, Евангелска
отвора очи срдечни-покајување за вината!


Протоѓакон м-р Ратомир Гроздановски:
БОГОПЕЕНИЕТО НА БОРЧЕ
Поезијата на поетот господин Борче Орашански е нешто повеќе од обично поетско пеење. Тоа е Богопеење или пеење за Бога.
Тој, ту се вивнува до Божјиот престол, зад „седмото небо", до „неискажливите работи" што ги чул и видел свети апостол Павле, ту се спушта до дното на човековото срце и душа.
Така пее човекот кој Бога Го слуша! Овој необичен поет и неговиот молитвен глас, претставуваат радост и храна за нас. Тој така душата ни ја храни и верата света ја брани.
Песните на братот Борче се како куси псалми. Тие дишат со вера и љубов, со богољубие и со братољубие...

Отец Јован Таковски, д-р по теолошки науки
ЗА БИСЕРИТЕ НА ОРАШАНСКИ
Поезијата на господинот Борче Орашански извира од неговиот религиозен и духовен опит, од неговите внатрешни чувства на доживеаното. Преку песните тој ја изразува благодарноста на Бога за даруваното му од Него здравје.
Верувам дека секој добронамерен читател на оваа прекрасна збирка песни, ќе најде по нешто и за својата душа...

Блаженоупокоениот наш Архиепископ МИХАИЛ
ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ
Нашето духовно чедо Борче Орашански по доживеаните откровенија, јавно Му благодари на Бога, сведочи за Неговата преголема милост и говори за прекрасните убавини што ги доживува човечката душа кога Го познава и доживува Бога...


Санде Стојчевски, писател
ПОЕЗИЈА НА ВЕРАТА
Поезијата на современиот македонски поет Борче Орашански уште во своите први книги пред четири децении со огромна мерка се потпира на верата. Тој, Орашански, најприродно го интегрира своето интимно божество со единствениот универзален Бог Седржител. Поезијата на Орашански, всушност досегнува нужно и до еден повисок степен - таа се престорува во поезија на верата воопшто. Оваа поезија надрочува со повеќе пораки истовремено откривајќи ја сета својасложеност...

Чедомир Димитриевски, свештеник
ПОЕЗИЈА ЗА ДУШАТА
Орашански пишува песни од срцето, песни за душата... Мојата порака е да си ја имате и во најтешките моменти од своето живеење и да Ви биде блиска, за да можете да си прочитате макар и една песна, за да Ви се подари малку духовна храна...
Нека пред Семилостивиот Господ, просветителите свети Кирил и Методиј и свети Климент и Наум ги принесат молитвите за сите наши просветни работници, а особено за нашиот поет Борче Орашански...

Бранко Цветкоски, писател
КНИГА БЛАГОДАРНИЦА
Разбирлив е стремежот на современиот поет Орашански во своите песни да досегне и разгранетост, и широчина, и подлабоко завлегување во опевањето на најсветите сподвижници на верата, на христијанската религија во целост, на македонската црковна и духовна традиција и сегашност на македонската опстојба во времето.
...Сета книга е како насетена молитва или, како молитва - благодарница.

Орце Петковски, резбар-уметник
НАДАРЕН ПРОСВЕТИТЕЛ
Овој поет е роден надарен, надарен просветител, а тоа е доволно да го прогониме сомнежот. Без многу, песните на Орашански најмногу му се бисери, песните му се зраци, кои со помош на Бога му ги осветлуваат патот и целта како на Рацин, кој секој од нас го носи во себе.