Наградата „Прозни мајстори“, што ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“, за најдобро современо прозно дело објавено во 2008 година му припада на писателот Томислав Османли за книгата раскази „Светилка за Ханука“ во издание на „Форум“ од Скопје.

Наградата на Османли му се доделува за досегашното прозно творештво, а пред се, за неговата најнова книга „Светилка за Ханука“ посветена на жртвите на холокаустот, а објавена двојазично на македонски и англиски јазик. (Н.П.)- Утрински весник