stojance.promocija2.jpg
 На 18.10.2008 год. во просториите на новата железничка станица во Скопје, се одржа промоцијата на духовно - поетската збирка „Му верувам “напишана од поетот богослов Стојанче Андов.

Промотор на книгата беше  отец Ивица Тодоров, а како почесен гостин зборуваше поетот Михаил Ренџов. Црковниот хор при храмот св. Георгиј во Криви дол, Скопје- Јован Хармосин,  оддаде посебна почит со неколку црковни композиции на византиско пеење.

stojance.promocija1.jpg

stojance.promocija3.jpg

Цару Небесен, спаси не!


Кој ќе не исполни со радост,
 ако не си Ти Христе?
Кој ќе ни даде благодат,
 ако не си Ти Благоизворнику?
На кого да се радуваме,
  ако не на Тебе Помошнику?
На кого да се надеваме,
  ако не на Тебе Учителе?
Може ли некој да ни помогне,
 ако не си Ти Животодателе?
Никој, никој, не може да го
направи она што го Правиш Ти.
Само едно ќе речам,
 Цару небесноземен, спаси не!


Тука си!


Гледам преку прозорецот,
 тагувајќи во себе!
Одам насекаде како безумен,
 сеејќи празни зборови!
Нема да барам помош од никој
зашто тука е
ХРИСТОС,
кој што ми
дава љубов,
радост небесна
и целиот опиен во
благодатта говорам:
 ТУКА СИ!

Посети:{moshits}