Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска во Даут-пашиниот амам во Скопје, ја отвори изложбата на бардот на македонското сликарство Томо Владимирски насловена како „Пејзажите на Македонија“

„Денеска ни се укажува можноста да уживаме во неговиот  лирски свет на смирени тонски и колористички односи, во неговиот складен, едноставен цртеж, кој своевремено творечки се соедини со европските модерни стилски влијанија: со оние на европскиот импресионизам, постимпресионизмот, фовизмот и експресионизмот.

 

Пред нас се 34 дела кои авторот ги создавал во  различни периоди, почнувајќи од 1937 година,  дела кои создаваат калеидоскоп од хармонични и ритмични боени површини преточени една во друга како единствена целина“-истакна во обраќањето Канческа-Милевска. „Несомнено дека творештвото на Томо Владимирски е единствено и неповторливо во ликовната уметност кај нас. Тој е еден од авторите што оствари голем опус и што остана верен на своите творечки ориентации. Секогаш отворен за нови предизвици и сознанија што ги преточуваше  низ својот  индивидуален сликарски ракопис“-додаде таа.


Со оваа изложба се одбележува 40-годишнината од смртта на Томо Владимирски, а во рамките на прославата 20 години независна Република Македонија.

http://www.kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/361-vo-daut-pasiniot-amam-vo-skopje-otvorena-izlozba-na-bardot-na-makedonskoto-slikarstvo-tomo-vladimirski-