ДИЗАЈНЕРИТЕ ОД ЕУРМ ГИ ПРЕТСТАВИЈА СВОИТЕ АВТОРСКИ ДЕЛА


Со плакати и 3D анимација на Глобалната недела на претприемништво


-На настанот организиран од ПСМ фондацијата и Британскиот совет во Македонија, покрај студентите од другите државни и приватни високообразовни институции пред јавноста се претставија и седум студенти од ЕУРМ со свои размислувања


- Во споредба со другите кои учествуваа во натпреварот во рамките на настанот, студентите од ЕУРМ го потврдија професионализмот и дизајнерскиот идентитет, бидејќи беа единствени со презентацијата каде беше анализиран процесот на подготовка на дизајнот


Графички дизајн-плакат и 3Д анимација се двете категории во кои со свои дела студентите од прв и втор циклус студии на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет РМ се претставија на неодамнешната четврта Глобална недела на претприемништво. На настанот организиран од ПСМ фондацијата и Британскиот Совет во Македонија, покрај студентите од другите државни и приватни високообразовни институции пред јавноста се претставија и седум студенти од ЕУРМ со свои размислувања.

Анализиран и процесот на подготовката на дизајнот
Студентите од Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ се претставија со веќе изработени дела кои што претставуваат нивен дипломски труд или веќе реализирани вежби по предметот графички дизајн. Искуството е големо за студентите, а презентацијата е многу важна бидејќи тие се доближуваат до претприемништвото, но истовремено имаат можност да склучат договори со соработници за обезбедување на работно место во иднина. Во споредба со другите кои учествуваа во натпреварот во рамките на настанот, одговорно тврдам дека нашите студенти го потврдија професионализмот и дизајнерскиот идентитет, бидејќи беа единствени со презентацијата каде беше анализиран процесот на подготовка на дизајнот, за разлика од другите", вели м-р Јана Манева -Чупоска, декан на факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ.

Според Манева -Чупоска со ова се докажува дека дизајнот не е само површна и неистражена форма, туку напротив цел процес на истражување за да се добие финален дизајн.

Факултетот за арт и дизајн и Европскиот универзитет имаат повеќе годишно искуство со ваков вид на организации и настани кое е позитивно и за самите студенти, високообразовната институција, но и за самите организатори.

Главната награда за учесниците на натпреварот во рамките на настанот беше и учество на Неделата на дизајнерство, следната година во Лондон, со што според Манева -Чупоска организаторите се потрудија настанот да биде примамлив за сите учесници.

Вреднување на трудот
Преку организирање на вакви настани се ефектуира напорот на идните претприемачи, кои својата креативност можат да ја покажат и реализираат пред луѓе, кои ги мотивираат и вреднуваат нивниот труд. Со наградувањето, и воопшто организирање на ваков настан, кај учесниците, се дава значаен придонес кон раздвижување на аналитичката креативна мисла и реално креативно дејствување во насока на подобри идни претприемачи", велат од ПСМ фондацијата.
Оттаму додаваат дека студентите кои беа ангажирани со учество на овој настан, успеале да го развијат и поттикнат натпреварувачкиот дух, кој покрај креативноста, кој е значаен бидејќи како движечки фактор и мотив на претприемачот, во услови на брза и голема конкуренција.

Преку настанот Креативно претприемништво и Глобалната недела на претприемништвото, генерално, успешно е ставен голем акцент на тоа колку е тоа значајно пред се за развој на поединецот, а потоа и за економијата на една држава, која се повеќе е движена и поттикната од силни поединци, кои знаат да го преземат правиот чекор.

Глобалната недела на претприемништво е во организација на ПСМ фондација и НЦДИЕЛ, и е непрофитен и општествен настан кој има за цел да ги поттикне и охрабри младите луѓе да започнат свој бизнис и да ја прифатат патеката на претприемништвото и иновацијата како нова насока за успех.

http://vecer.com.mk/?ItemID=4354CCA7A833BE4BBF42F4FF8B13C111