Гостивар, 16 јули 2011 (МИА) - На пригодна свеченост на која присуствуваше и министеркта за култура Елизабета Канческа-Милевска, во центарот на Галичник беше откриена скулптура на македонскиот преродбеник Ѓорѓија Пулевски.


Зброувајќи за значењето на Пулевски во македонската историја, министерката Канческа-Милевска рече дека тој го трасирал патот во созадавањето на македонскиот литературен јазик.
 

- Со подигањето на ова спомен-обележје покажуваме свест за нашата традиција и грижа за нејзино зачувување, осветлување и афирмирање. Со овој чин ние духовно се збогатуваме и се напојуваме со вредности од неговиот непресушен извор на народно творештво, лексикографски изданија и вредностите на првата граматика на македонски јазик, рече Канческа-Милевска.


Автор на споменикот е академскиот скулптор Сретко Јовановски. Нејзиното поставување и изработка ги финансираа бизнисменот Минчо Јорданов и Министерството за култура.


Во рамки на Галичкото културно лето, во просториите на Месната заедница Галичник беше отворена и изложба со оригинални дела на сликарот Лазар Личеноски, на кои има мотиви од неговиот роден Галичник.

Изложбата е по повод 110 години од раѓањето на основоположникот на современата македонска ликовна уметност. Ја овозможи НУ Национална галерија на Македонија, која е сопственик на најголемата збирка дела на Личеноски. згм/хс/ 15:27

  

„Творештвото на авторот на првата македонска граматика го изразува стремежот на македонскиот народ за неговата самобитност“, изјави министерката Канческа-Милевска по повод откривањето на скулптурата на Ѓорѓија Пулески во центарот на Галичник

Киро Кипроски-Utrinski vesnik

 

ГалиЧник – „Галичко културно лето“ беше збогатено со две значајни манифестации од ликовното творештво. Во центарот на Галичник 2,5-метарската скулптура на Ѓорѓија Пулески, дело на академскиот вајар Сретко Јовановски, ја открија министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска и донаторот Минчо Јорданов.

Во присуство на голем број Галичани, посетители и туристи од државава и од странство, министерката Канческа-Милевска истакна дека во богатиот летопис на долгата историја на македонскиот народ, на неговата културна и национална опстојба Пулески беше и останува една од највисоките и најпрепознатливи духовни коти. Несомнено дека творештвото на авторот на првата македонска граматика и на првите македонски речници по своите содржини, по своите пораки и изразни особености ги поврзува времињата покажувајќи го континуитетот на стремежите на македонскиот народ во неговата национална и културна самобитност. „Во времето на евидентното отсуство на државна рамка за развој на науките, како што потенцира министерката, Пулески се обидел да трасира пат за создавање на македонски литературен јазик , историографија, етнографија, револуционерна поезија, собирање на народни умотворби и учебникарство. Неговиот животен опус е значаен поради неговото константно учество во речиси сите балкански антиосманлиски движења и војни. Но, и поради неговиот пишан опус на македонски јазик, што е од посебно значење за македонската историја и култура. Со подигањето на ова спомен-обележје на Ѓорѓија Пулески покажуваме свест за нашата традиција и грижа за нејзино зачувување, отсветлување и афирмирање“.

Донаторот Јорданов изјави дека Пулески е личност што му е потребна на македонскиот народ, како во тоа време, така и денеска, тие се нашите херои кои го влечат македонското самобитие. Пулески еден од тие херои, кој работел и дејствувал така како што чувствувал. Сите ние треба да направиме нешто за на нашата македонска држава, според можностите, бидејќи продолжува тој процес врз големиот камен на државноста што го поставил Ѓорѓија Пулески.

Свечена беседа за делото на Пулески одржа проф. д-р Ристовска-Јосифовска.

Втората манифестација беше посветена на основоположникот на македонското сликарство Лазар Личеноски низ делата на архитектот Коста Граоркоски. Граоркоски од Месната заедница „Галичник“, по повод 110- годишнината од раѓањето на Лазар Личеноски во Галичник, отвори изложба со негови мотиви од Галичник. „Пред нас е само дел од пребогатото творештво на Личеноски“, истакна Граоркоски. Но, затоа Галичани многу интимно ги чувствуваат и ги поврзуваат со еден поминат свет, преку неговиот невиден колорит навраќајќи се во минатото што денес го немаме.