Keramika.kolonija.jpg

 

Скопје, 4 мај 2011 (МИА) - Во галеријата Чифте амам  беше  отворена изложбата „Современа холандска керамика“ на која се претставени дела на керамичари од Холандија кои гостувале и твореле на Ресенската керамичка колонија во ателјето во Отешево.

Изложени се околу 40 експонати во разновидни облици, декоративни и практични предмети од авторите Александра Енгелфрид, Елен Спикстра, Труди Ман, Јозе Ерт, Антоан Лендферс Тван, Јорун Вилхелмус Хубертус Ван, Дауе Хоекстра, Маја Хофт, Рижан Купенс и Јо Сијен.

Изложбата ја организираат Ресенската керамичка колонија, Амбасадата на Кралството Холандија и Националната галерија на Македонија.

На отворањето се обратија   амбасадорката на Холандија во Македонија Симоне Филипини и директорката на НГМ Маја Крстевска. хс/паг/12:38

Keramika.kolonija.jpg

 Keramika.kolonija.jpg

 Keramika.kolonija.jpg

 Keramika.kolonija.jpg

 Keramika.kolonija.jpg

Лето Господово 2011

Преминпортал