Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, викендов почна 23. сесија на традиционалната меѓународна ликовна колонија, наречена според манастирот. На колонијата учествуваат шеснаесет уметници од Македонија, САД, Франција, Турција, Словенија, Бугарија, Србија и Германија.

 

На овој традиционален сликарски кампус, со отворено студио и галерија низ различни сликарски техники и ракописи во текот на целата година се афирмира слободата на творештвото на различни култури од светот.

 

Колонијата ќе заврши на 20 септември со изложба на делата, а е организирана со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Утрински весник