Која е тајната на дејствувањето на уметноста?

Творечкиот процес колку што сме во состојба да го следиме се состои во несвесно оживување на архетипот и во негово развивање и обликување до завршено дело. Архетип или праисконска слика е една фигура, било да е демон, човек или процес која што во текот на историјата се повторува таму каде што творечката фантазија се остварува слободно. Ако поблиску ги испитаме овие слики, ке утврдиме дека тие, во извесна мера се формулирана резултанта за безброј типични искуства на предците.

Во секоја од тие слики се наоѓа дел од човечката психологија, човечката судбина, дел на потења и ужувања што безброј пати се повторувал во животот на нашите предци, во просек секогаш на ист начин. тоа е како некое длабоко закопано речно корито во човековата душа, во кое што животот што пред тоа несигурно се протегал преку големите но плитки површини, одеднаш силно протекува и тоа во мигот кога се подигнува оној посебен сплет на околности кои отсекогаш придонесувале за остварување на прасликата.

Моментот кога настапува митолошката ситуација, секогаш е обележан со посебен емоционален интензитет, тоа е нешто како кога во нас ке се допрат струните што никогаш не звучеле или како да се ослободуваат сили чие постоење не сме го насетувале. Борбата за приспособување е мачна работа, затоа што секогаш се наоѓа во индивидуални, односно атипични услови. Но не е никакво чудо кога ке се најдеме во типична ситуација, одеднаш да чуствуваме некое посебно ослободување, како да летаме, или да имаме чувство дека не обзема некоја несватлива сила во таквите мигови ние не сме повеќе поединечни битија, туку вид, тогаш во нас се крева гласот на целото човештво.

Архетипот дејствува зошто во нас тој предизвикува посилен глас од колку што е нашиот сопствен. Оној кој зборува во праслики, тој зборува со илјада гласови, тој зафака длабоко, а истовремено го издигнува она за што зборува од еднократноста и минливоста во сверата на вечноста. Тој ја издигнува личната судбина на ниво на судбината на човештвото, а со тоа во сите нас ги ослободува оние благотворни сили кои на човекот му овозможуваат да се спаси од сите опасности и да ја преживее и најдолагата ноќ. Тоа е тајната на дејствувањето на уметноста.

Обликувањето на првобитната слика во извесна мера е преведување на јазикот на сегашноста, со што секому му се овозможува да го најде пристапот до најдлабоките извори на животот, кои што инаку би му останале недостапни и затрупани. Во тоа и се состои смислата на уметноста: таа постојано работи на воспитување на духот на времето, затоа што ги создава оние фигури што на духот на времето најмногу му недостигаат.

Поради незадоволството од сегашноста, копнежот на уметникот се повлекува се додека не ја најде онаа праслика во несвесното која што е соодветна на најделотворен начин да ја компензира недостапноста и едностраноста на духот на времето. Оваа слика тој ја прифаќа и ја извлекува од најдлабоката подсвест, па приближувајки накај свеста, и го менува сопствениот изглед се додека човекот од денешницата не успее да ја прифати со својата способност за поимање.

Својствата на уметничкото дело ни дозволуваат да извлечеме заклучоци за кој актерот на епохата во турализмот за својата епоха? што значи романтизмот? што значи хеленизмот? Тоа се правци на уметноста што го оствариле она што на тие духовни атмосфери им било најпотребно.
Народите и времињата имаат свои духови правци и ставови. Но, онаму каде што постои правец мора да постојат и исклучоци. Обичниот човек може без некоја штета да го поднесе општиот правец; човекот со заобиколните патишта (уметникот) кои не може како обичниот човек да оди по широки друмови, всушност ке биде тој кој најнапред ке го открие она што лежи покрај големиот друм и што чека да биде вклучено во живот.
Релативната неприспособливост на уметникот е неговата вистинска предност; таа му овозмоува да остане надвор од главниот пат, да оди по својот голем копнеж и да го најде она што им недостига на другите, а при тоа тие да не го знаат тоа.
Ова е извадок од книгата:
"Психологијата и уметноста" од познатиот Швајцарски лекар и психоаналитичар Карл Густав Јунг

Скопје
25.08.2008
Д-р. Верица Ставреска

http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=2115