Родољуб Анастасов меѓу најголемите генијалци во 21 век, според Американскиот биографски институт

Скопје, 20 јуни (МИА) - Американскиот биографски институт го вброи македонскиот академски сликар и педагог Родољуб Анастасов меѓу 500. најголеми генијалци во светот во 21 век. 

Во образложението на Управниот одбор на уредници на Американскиот биографски институт, се вели дека Институтот ги наградува успешните индивидуалци како проф. Анастасов, чии достигнувања се во повеќе области и влијаат на идните генерации поради нивните исклучителни дела и посветеност.

Биографијата на Анасатасов е вклучена во едицијата „500 најголеми генијалци на 21. век“, објавена во 2009 година.

Американскиот биографски институт  е основан во 1967 и има за цел да објавува профили со факти за активни и посветени професионалци кои придонесуваат на меѓународно, национално, државно и регионално ниво. Институтот објавува прираќници кои ги покриваат сите полиња поврзани со кариера, општество, образование..., а  ги користат бизнис консултанти, истражувачи, новинари, научни работници, биографи, библиотекари, корпорации, студенти, историчари, социолози и многу други.гв/са/18:11