Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg

Изложбената практика на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во „Галерија 8“ (Безистен) започнува со пролетен полет и со брзина која на ликовната публика ќе им нуди „нови ликовни случувања“ во динамика од две седмици. Значи, секои четиринаесет дена, посетителите на Галеријата ќе имаат можност да се осведочат од најновите „продукти“ на творечките лаборатории на македонските ликовни уметници и да остварат жив контакт со авторот.

Прва во таа долга низа на изложби е младата авторка Билјана Цветкоска, која сета своја едукација ја остварила во ликовните образовни институции – Средното уметничко училиште, Факултетот за ликовни уметности во класата на проф. Жанета Вангели и постдипломските студии кај проф. Јован Шумковски.

Bibi.Cvetkovska.jpg

Проектот кој ќе биде претставен на јавноста , насловен „Патот кон Крстот на Водно“ всушност е метафора за човечките устреми и падови, за одот негов кон целта, пат кој многупати знае да биде поплочан со добри намери, но исто така и да биде жестоко трнлив.
Авторката Цветковска верува во одот кон духовната просветленост.

Изложбата се отвори во ,,КАФЕ-ГАЛЕРИЈА 8 (БЕЗИСТЕН)'' - СТАРА СКОПСКА ЧАРШИЈА.на 7 (понеделник) мај во 20 часот а ќе трае до 15 (вторник).

Bibi.Cvetkovska.jpg


Самостојна ликовна изложба на темата:
,,ПАТОТ КОН КРСТОТ НА ВОДНО’’
Билјана Цветкоска (дипломиран академски ликовен уметник)
Оваа беседа е сликање на убавината, како главна категорија во уметноста, која го осмислува животот, покрај добрината и вистината. Иако германскиот естетичар Розенкранц говореше за естетиката на грдото, со тоа ги зајакна темелите на возвишената убавина. Уметничкото дело може морално да не возбуди, но не зависи од вистината. Уметник нема никаква потреба да Ви објасни што сакал  да каже со своите сликарски дела. За жал, не барајте обичните смртници на кичот да се воодушевуваат на возвишената убавина. Уметноста секогаш се толкува субјективно. Успешноста на сликата зависи од многубројните доживувања во овој случај на: ,,Патот кон крстот на Водно‘’.
Му благодарам на ДЛУМ за можноста што ми ја укажа да и се претставам на јавноста.
Искрено се надевам дека сум едно од, како што вели ДЛУМ, ,,новите ликовни случувања’’. Додека студирав на ФЛУ, учествував на 7 изложби, од кои најголем впечаток ми остави првата самостојна изложба во ,,Галерија П’’ во просториите на ФЛУ, 2009 година. Сега сум во фаза на пронаоѓање на себеси во откривањето на новите правци во уметноста, конкретно во сликарството. Во рамките на воспитно-образовниот систем ги поминав сите редовни чекори за да се оформирам како ликовен творец.
И како што велат моите драги колеги од ДЛУМ, темата: ,,Патот кон крстот на Водно’’ е метафора (сликовито, преносто значење или смисла) за човечките воздигнувања и падови, за нашето одење кон целта, патот што често пати е поплочен или со добри намери или жестоко трнлив. Се надевам дека јас одам кон патот на просветлувањето на мојот дух во сферата на сликарството како една од највозвишените уметности. Во оваа моја сликарска тема светлината може да се толкува световно-како природна светлина која ни дава живот, и свето-како божја светлина и духовно просветлување на луѓето. Патот е начин за да дојдеме до целта. Човекот е суштество кое треба постојано да ги остварува своите убави, добри и вистинито-осмислени цели. Познато е дека патот може да биде поплочен или трнлив, но јас овој пат го гледам како ,,поплочена река’’ која ме води кон духовното просветлување. Патот и светлината се нераскинливо врзани. А таа, светлината е секогаш горе на светото или световно небо, тешко достижна за многумина од нас обичните смртници. Метафората ,,поплочена река’’, генерално е непреводлива, но може да се толкува и како лесно и како тешко стасување до саканата цел, но и како препуштање на тековите на судбината.
Открив дека оваа сликарска техника ја практикува германскиот уметник Герхард Рихтер, кој спаѓа во ,,капиталистичките реалисти’’, кои во своите дела се сатирични а предметот на сликањето произлегува од печатените медиуми. Рихтер ја гледа уметноста како издвоена од историјата на уметноста, а сликата да се фокусира врз неа, а не врз визуелното. Неговото сликарство е засновано врз фотографијата. Рихтер ги заматува сликите, а преку техниката ја осовременува традиционалната уметност. Неговите заматени слики на фотографии се блиски до реалноста, но содржат носталгична дистанца. Само линијата се памети, а остатокот е нејасен, така вели Рихтер. Светската уметничка критика го прогласи Рихтер за еден од најважните уметници на XX век.
Намерата ми беше да ги прикажам работите во природата, не такви какви што се туку, какви јас што ги гледам и доживувам, секој нареден ден на поинаков начин. Една од суштините на уметничкото дело е да предизвика безбројни возбудувања, чудења и восхидувања. Дури и повеќе од тоа. Мислам дека оваа слика, овој пејзаж кај еден ист восприемач треба да создава нови доживувања и делото да биде толкувано на нов начин, се повеќе и повеќе. Се потрудив да го насликам меѓусебното дејство на патот и светлината. За тоа какви чувства и возбуди ќе предизвика ова мое ликовно дело, оставам своето мислење да го кажат критиката и публиката.

Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg

Bibi.Cvetkovska.jpg


Изложбата: ,,Патот кон крстот на Водно’’ во Кафе-галеријата 8 во центарот на Старата скопска чаршија ќе биде отворена до 15 мај.

Bibi.Cvetkovska.jpg