логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Chento.Pretsedatelot.jpg

Chento.Pretsedatelot.jpg

Chento.Pretsedatelot.jpg

Скопје, 2 август 2011 (МИА) - Двата историски Илиндена - 108 години од Илинденското востание и 67 години од Првото заседание на АСНОМ денеска ќе бидат одбележани со народни собири на Мечкин Камен во Крушево и во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце.

На централното чествување во Крушево ќе присуствува  претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Делегацијата ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржува голем народен собир.

На народниот собир во кумановско Пелинце  кај Меморијалниот центар АСНОМ ќе се обрати премиерот Никола Груевски. Годинава нема да биде испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчињски, кој е под јурисдикција на Српската православна црква.

Chento.Pretsedatelot.jpg

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, во центарот на Скопје.

- Успеавме да ја сочуваме тешко стекнатата слобода и продолжуваме да се бориме за правата на сите свои граѓани, пред сè, правото на своето име,  идентитет и достоинствен живот во Република Македонија како дел од обединета Европа, истакна Иванов.

Денес, како што рече претседателот, кога прославуваме 108 години од првиот, 67 години од вториот Илинден, во годината кога славиме две децении од третиот Илинден, не можеме а да не го погледнеме нашиот историски изоден пат со искрена почит и достоинство, со силна посветеност и нескриено чувство на гордост и решителност.

Тој потсети дека на 2 август 1903, во херојско Крушево пламна факелот за ослободување на Македонија од османлискиот јарем.

По тешките страдања, жртви и борби, вториот Илинден 1944, како што рече Иванов, со божји благослов и под заштита на светиот отец Прохор Пчињски, ги положи темелите на македонската државност.

- Собрани пред споменикот на големиот народен трибун и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, не можеме а да не си споменеме на неговиот завет: „Се исполни вековната желба на македонскиот народ. Таа слобода и рамноправност ние ќе ја пазиме како зеница во окото...“, истакна Иванов.

Требаше да помине речиси половина век, како што нагласи претседателот, за на 8 Септември 1991 година да се случи и третиот Илинден и прогласувањето на македонската независност. 

- Патот на независноста не беше ниту лесен, ниту пак безболен. Илинденците со револверот и бајонетот, пролевајќи ја самопожртвувано својата крв, се бореа за нашата слобода. А, слободна Република Македонија со политички напори и мирни средства продолжи да се бори за признавање на своите неприкосновени права. Правата на своите граѓани да живеат во својата национална држава како рамноправна членка на меѓународната заедница, рече македонскиот претседател.

Соочена со негации и оспорувања, со политички блокади и економски ембарга, со вооружени конфликти во соседството и превирања во земјава, како што посочи Иванов, Република Македонија успеа да ги надживее периодите на предизвици и да излезе посилна и поединствена. - Останавме верни на заветот врежан во крушевскиот Манифест и врз темелите на вековната традиција на соживот на сите етнички заедници, изградивме единствен македонски модел на интеграција без асимилација, додаде тој.

Chento.Pretsedatelot.jpg

Пред споменикот на Ченто во Скопје цвеќе положија членови на семејството на Методија Андонов-Ченто, делегации на Собранието на Република Македонија, на Владата на Република Македонија, на Генералштабот на АРМ, на Сојузот на борците од НОВ, на политички партии, на градот Скопје, на Еврејската заедница на Македонија и на дипломатскиот кор.

Во битолското село Трново ќе се одржува традиционалната 40. Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците и Светскиот македонски конгрес.

Во Крушево денеска ќе стигнат и коњаниците кои традиционалниот Илинденски марш и оваа година го почнаа од скопско Горно Лисиче на 27 јули.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател... Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Chento.Pretsedatelot.jpg

Chento.Pretsedatelot.jpg

Chento.Pretsedatelot.jpg

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. хс/дма/12:42

   

Chento.Pretsedatelot.jpg

Chento.Pretsedatelot.jpg

Република Македонија- Скопје, 2 август 2011

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јули 04, 2019

Рабиндранат Тагоре:„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми,…
Јули 02, 2019

Петтата сесија на Охридската школа на природното право

Првата сесија од овој настан ја отвори акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тој ја потенцираше значајноста на овој настан, кој, како што рече, се одржува на истото место каде е основана МАНУ во…

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Мај 18, 2019 Филм, Театар 203
Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков…

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Апр 08, 2019 Друго од култура 412
Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 560
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »