Dragan.Tanurovski11.jpg

Скопје, 8 декември  2010 год.-Соборен храм на св. Климент Охридски

Goran.sv.Erotej.jpg На  08. 12.2010 година а по повод патрониот празник и основоположникот на Македонска Православна Црква и  на нашата писменост - свети Климент Охридски Чудотворец, во соборниот храм во Скопје, кој го носи името на светитлот,  се отслужи Божествена Литургија. По завршувањето на Литургијата,  во близина на Соборниот храм,   беше откриен и осветен споменик со ликот на св. Климент изработен од скулпторот Томе Серафимовски. 

 Во групата на бројните сниматели, фоторепортери и новинари кои го следеа настанот, во нејзиниот најпрв круг, го забележавме малиот фоторепортер кој посветено и динамично  го бележеше настанот. Глетка за паметење ... Не пречејќи на никого, тој успешно се пробиваше, очигледно,  барајќи ги надобрите агли за својот објектив. Се наметна впечатокот, дека ова мало  дете со професионален фотоапарат во рацете, несомнено има љубов,  и длабоко  развиено чувство за убавините кои го опкружуваат. Ги исконтактиравме неговите родители (Љупчо и Јулијана Тануровски) и еве накратко, што дознавме за него.

Dragan.Tanurovski.jpg

(Фото:Љ. Тануровски)

Драган Тануровски, е петто оделение, во ОУ Партениј Зографски.
Црковниот двор на Свети Климент Охридски му е место за првите чекори. Самиот знае да рече: „Најмногу сакав кога мајка ми ќе ме донесеше во црквата да си земам лебче-нафора“.
А сега, уште повеќе и се доближува на црквата и црковните достојници. Фотографирањето  му е омилено  иако има само десет години. Еве го неговиот предизвик преку фотообјектив.

Dragan.Tanurovski12.jpg

(Фото: Преминпортал)


Фото: Драган Тануровски

Скопје, 8 декември  2010 год.-Соборен храм на св. Климент Охридски

Слика Прва

 Dragan.Tanurovski.jpg

Слика Втора

Dragan.Tanurovski.jpg

Слика Трета                                                                                Слика Четврта

Dragan.Tanurovski3.jpg    Dragan.Tanurovski3.jpg

Слика Петта                                                                               Слика Шеста

Dragan.Tanurovski3.jpg    Dragan.Tanurovski3.jpg

 На нашиот сајт изложивме  само мал дел од неговите фотографии


Dragan.Tanurovski10.jpg


1. Од што  произлезе твојот интерес за фотографирање, што те поттикна?

  - Отсегокаш сум го гледал татко ми како фотографира и тоа ме поттикна јас да фотографирам.

2. Драгане, колку години имаше кога ја направи првата фотографија и што беше тоа што го забележи тогаш со твојот фотообјектив?

- Првата фотографија која ми е објавена е направена во манастирот Свети Јован Бигорски. Мотивот ми беше свеќа со фрески.

3. Фотографираш со прилично професионален апарат, што најмногу го предизвикува твојот интерес?

- Сакам да сликам сè.  Од урбан пејзаж, природа... иако ми тежи апаратот сакам да го носам.

 

Слика Седма

 Dragan.Tanurovski7.jpg

Фото: Драган Тануровски

Dragan.Tanurovski.jpg


Ова е неговата прва  фотографија снимена на 22.07.2007 година во манастирот  Св.Јован Бигорски,а   објавена е во брошурата за Мавровскиот крај.


Dragan.Tanurovski11.jpg


„ Од фото сесија на  Драган со Вадиката Европски г. Пимен“

Фото: Идеме. .., фотографирам...!

Dragan.Tanurovski12.jpg

Фото: .Само малку почекајте ме, брзо ќе бидам готов со премерувањето!

Dragan.Tanurovski12.jpg

Фото: Внимавам многу...ќе ја биде фоткава!

Dragan.Tanurovski12.jpg

Фото: Добро е, јас сум задоволен!

Dragan.Tanurovski12.jpg

Крај ...и радоста по успешно завршената работа е обострана.

Ние се разделуваме од Драган  со желба за повторна средба со него.

Преминпортал

 

Dragan.Tanurovski12.jpg

Лето Господово 2010