Скопје, 11 октомври (МИА) - Фотосојузот на Македонија и Фотоклубот „Елема“ од Скопје ја организираат  45. изложба „Денови на македонска фотографија 2007“, која  ќе биде отворена вечер во Домот на Армијата.

Годинашната изложба, помогната од Министерството за наука и образование, е најобемна по број на пристигнати фотографии и е една од поквалитетните во изминативе неколку години, соопштија организаторите. Од 334 пристигнати фотографии на 53 автори, избрани се 117 фотографии од 50 автори.

Прва награда за колекција на фотографии доби Владимир Секуловски од Фотоклубот „Елема“ од Скопје, втора - Марјан Јаневски од Фотоклубот „Козјак“ од Куманово, а третонаграден е Мире Славејков од клубот „Фотоакција“ од Скопје.

Дипломи за колекција на фотографии добија Пеце Јуруковски, самостоен автор од  Битола, Игор Спироски од  „Фотоакција“ од Скопје и Драгољуб Николовски од ФК „Елема“ од Скопје.

Прва награда за поединечни фотографии доби Владимир Луковиќ од ФК „Елема“ од Скопје, втора награда Љупчо Ристовски од истиот фотоклуб, а третонаграден во оваа категорија е Димитар Петровски од „Фотоакција“ од Скопје.

Дипломи за поединечна фотографија добија Катарина Ристовска  од ФК „Елема“ и самостојните автори  Ѓорче Ставрески и Ѓорѓи Ристовски.

Одлуката за наградите ја донесе жири, во состав проф. д-р Цветан Гавровски, Душко Доцевски и Иван Блажев. хс/дма/9:46

Посети: {moshits}