Biljana.Gavralieva.jpgСтрумица 10 март 2012 (МИА)  - Во Домот на АРМ во Струмица во рамки на Тивериополските филмски вечери синоќа се одржа проекција на трите документарци на македонската авторка Билјана Гарванлиева: „Девојчето и нејзина-та хармоника” (2007г), „Девојчето бере тутун” (2010) и „Шивачките”(2011).

Тие документарци ги освоија вредните награди на Фестивалот за документарни и анимирани филмови АСТЕР ФЕСТ, но и бројни награди и признанија на фестивали ширум Европа и светот.

Поздравувајќи ги присутните, режисерот Горан Тренчовски истакна дека е горд што првата Тивериополска филмска вечер во 2012 година ја посветува на Билјана Гарванлиева, младата македонска авторка која со својот талент и прекрасни дела, успеа да се вивне високо на европското документаристичко небо.

По проекцијата на филмовите Гарванлиева одговараше на голем број прашања поставени од посетителите. Истакна дека е среќна што преку своите документарци открила и на светот му ја покажала желбата на талентот да се развива и бори и да го бара своето место под сонцето. Таа е задоволна што со помош и разбирање на своите продуценти може да ги реализира своите уметнички немири.

- За жал овде во Македонија, документарецот е неоправдано маргинализиран и истиснат, како од кино репертоарот, така и од телевизиските програми, вели Гарванлиева.

Синоќешната средба со струмичката публика, Билјана Гарванлиева го искористи за најава на новиот документарец во кој, за разлика од досегашните три во кои дејствијата беа во Струмица, Радовиш и Штип, главниот лик и амбиент го наоѓа во Тетово. сб/лв/9:42

Друго:

 http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=1AD1627311F6704CB237C529FBFB67F9