harmonika.jpg
Министерот за култура на Германија Берт Нојман и' ја врачи наградата на Билјана Гарванлиева за филмот „Девојчето со хармоника“

Краткометражниот документарен филм „Девојчето со хармоника“ на Билјана Гарванлиева ја доби престижната германска награда за најдобар краток филм „Златна Лола“, која и беше свечено доделена на 13 ноември во Берлин од страна на државниот министер за култура Берт Нојман. Во својот говор Нојман го потенцирал значењето на краткиот филм и на оваа награда која ја доделува Владата на Германија како исклучително важна во поддршката на финансирањето на идните проекти на млади таленти. Имено, наградата носи 30.000 евра кои одат во продукцискиот фонд за следните проекти, а меѓусебе ќе ја поделат овој филм и филмот „Портрет на мојот татко“, кој исто така доби признание.

harmonika1.jpg

Претседателот на жирито д-р Ларс Хенрик Гас (кој е директор на реномираниот фестивал за кратки филмови во Оберхаузен) одлуката наградата да му се додели на филмот „Девојчето со хармоника“ меѓудругото ја образложува вака: „Филмот на Билјана Гарванлиева не го остава никого рамнодушен. Приказната е раскажана многу интимно и претставува огледало на илјадниците балкански биографии. Воодушевувачки е со колку голема страст може да се раскаже една приказна и колку многу може да раскаже само една приказна“. (С.У.)