Скопје, 3 октомври (МИА) - Светскиот кинематограф од Бразил, Валтер Карваљо е добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело која ја доделува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Томи Салковски, директорот на фестивалот синоќа му ја додели наградата на Карваљо заради неговиот придонес во светската филмска уметност.

- Доделувањето на наградата „Златна камера 300“ за животно дело ја вреднуваме како најважен дел од нашиот фестивал, рече Салковски.

Тој потсети дека Карваљо е најмлад и трикратен победник на „Браќа Манаки“.

- Оваа награда е најзначајна награда во мојот живот и прави да се чувствувам како да почнувам со мојата работа од почеток, рече Карваљо. Според него, наградите носат многу задачи и одговорности.

Карваљо има создадено над 60 играни филмови и има освоено над 40 награди на повеќе локации во светот. Работи како сценарист, режисер, фотограф и продуцент. Добитник е на „Златната мечка“ во Берлин во 1998 година за фотографијата во филмот „Туѓа земја“, 1996 година има освоено „Сребрена камера 300“, за „Лево од таткото“ добива „Втора камера 300“...мд/вј/8:50