MAJA SREDBA SI KRIZ RENDZIS

Филмскиот великан Крис Менџис е жива легенда на светската кинематографија и еден од ретките директори на фотографија кои се двојни добитници на Оскар и на наградата БАФТА. Веројатно најценетиот кинематографер од англиското говорно подрачје последните години од кариерата, меѓу друго, ги обележа со филмските хитови снимени со британскиот режисер Стивен Далдри. Најнапред во 2008 година, со оскаровскиот „Читачот", екранизација на истоимениот бестселер, потоа во 2011 со „Екстремно гласно и неверојатно блиску", со Том Хенкс и Сандра Булок во главните улоги.
Во своето филмско портфолио Менџис има уште 50-ина врвни наслови, со големите режисерски имиња Кен Лоуч (неколку заеднички антологиски филмови), Стивен Фрирс („Приватен детектив", „Валкани убави нешта"), Нил Џордан („Ангел", „Мајкл Колинс"), Бил Форсајт (Локален јунак), Џим Шеридан (Боксерот), Андреј Кончаловски (Срамежливи луѓе). Англискиот кинематографер се најде зад камерите и во два филма на познати американски актери кои се пробале во режисерските води „Заветот" (2000) на Шон Пен и „Трите закопа на Мелкијадес Естрада" (2004) во режија на Томи Ли Џонс.

MAJA SREDBA SO KRIZ RENDZIS 2
Интересно е што само во последните 20 години во филмовите кои ги снимал Менџис играле најголемите холивудски и светски актери од повеќе генерации, како Одри Тату, Џејсон Стејтам, Макс фон Сидоу, Колин Фарел, Кира Најтли, Кејт Винслет, Ралф Фајнс, Бруно Ганц, Рајан Филипе, Том Хенкс, Сандра Булок, Џозеф Гордон Левит, Кејт Бланшет, Џуди Денч, Чарлиз Терон, Џереми Ренер, Френсис МекДорманд, Ник Нолти, Џек Николсон, Бенисио дел Торо, Даниел дел Луис, Лајам Нисон, Роберт де Ниро, Џереми Ајронс, Сиси Спејсик, Џон Малкович.
Името на Менџис е впишано и како режисер на четири играни филмови и како документарист, често снимајќи во кризни региони, во периоди на револуции и на војни, како Ангола, Бурма, Кипар, Занзибар, Виетнам, Тибет, Јужна Африка.

MAJA SREDBA SO KRIZ RENDZIS 3
Врв во кариерата на Крис Менџис се четирите номинации а два освоени Оскари во рок од две години за филмовите на Роланд Џофи „Полињата на смртта" (1984) и „Мисијата" (1986), како и многу други статуетки добиени за својата кинематограферска дејност, меѓу кои, секако, свое високо место наоѓа и најновата, „Златна камера", која доаѓа од најстариот фестивал на директори на фотографија, „Браќа Манаки" од Битола, каде ќе имаме чест да го дружиме овој голем автор на денешницата.
Менџис е роден на 15 септември 1940 година во Кингтон, Херфордшир, Англија, во уметничко семејство. Дедо му бил виолинист, а татко му композитор и диригент. Неговата креативност дошла до израз уште во раната младост со наклонетоста кон фотографијата. Светска препознатливост стекнува со филмот „Кес" од 1968 година на Лоуч. Член е и на Американското и на Британското друштво на кинематографери, пишува МКД.мк.

 

 Извор: http://www.tera.mk/index.php/vesti/aktuel/83898-kris-mendjis-zhiva-legenda-na-svetskata-kinematografija