The Whitelisted Theatre Company
Phone: (917) 455-1195 - Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. - Website: http://whitelistedtheatre.com

  DejanDukovski.jpg

Драмските дела „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“,
за прв пат ќе бидат изведени во Њу Јорк, во престижното Producers' Club, веднаш до центарот на Бродвеј.


Сите оние што ќе ја поддржат кампањата, ќе добијат бесплатен билет
Ова е прво изведување на престави напишани од македонскиот Чехов, како што многумина го нарекуваат, најбрилијантниот македонски писател, драматургот Дејан Дуковски во Њу Јорк. Преставите ќе се одржуваат секој ден, во два термини. Преставата “Изгубени Германци“, започнува со изведби на 21 Март во 20.00 Часот, а е во режија на Петар Варбанов. А од 28 Март во 22.00 часот, ќе следи претставата “ММЕ кој прв почна”, во режија на Теодор Петелов.
Местото каде ќе се играат овие претстави е престижниот Продуцерс Клуб, кој се наоѓа близу срцето на гламурозниот Бродвеј во Њу Јорк.
Ова се покажува како одлична можност за сите оние македонци кои живеат во Америка, а кои се љубители на театарската драма и комедија, и што копнеат да слушнат и да видат нешто од „дома“ .
Дејан Дуковски, како познат писател и драматург, останува верен на својот талент. Овие две ремек дела, ги препозна театарската компанија TheWhitelisted (www.thewhitelisted.com), која како ловец на добри Балкански претстави, веќе трета сезона им овозможува и американска премиера на врвни дела од Балкански писатели.
Оваа театарска компанија е составена од млади ентузијасти кои потекнуват од повеќе различни земји од Европа, претежно од Балканот. Но и учесници од САД се активни во проектот, поденкакво со европјаните кои имаат за цел да ја донесат и прикажат Балканската култура и уметност и во САД.
Преставите ќе бидат изведувани на англиски јазик, а тимот е составен од млади актери од САД и од Балканот. Овие две претстави, кои што во Македонија доживеја голем успех, а сега ги очекува и американски успех, се поддржани со кампања која може да ја погледнете на веб порталот Rоckethub.com http://www.rockethub.com/projects/37841-the-dukovski-project-2-plays-from-the-balkans Секој што ќе ја поддржи кампањата ќе добие бесплатен билет за претставите, повикуваат организаторите.