Ако се суди според книгите, испаѓа дека од 60-те па наваму, Американците ја баталиле употребата на „ние“ и удриле на индивидуализам.

 

Научници од Универзитетот Сан Диего анализирале повеќе од 750.000 книги објавени од 1960-та до 2008-ма и заклучиле дека во тој период Американците почесто ги користеле индивидуалистичките зборови како „јас“, а поретко зборовите за заедништво како „ние“.

„Во минатото се расправаше за зголемување на индивидуализмот, граѓанските права и правата на жените, но студијата покажува дека тоа навистина се случило“, вели еден од научниците.

Сепак, зголемениот индивидуализам нема секогаш врска со независноста или еднаквоста. Забележана е зачестена е употребата на зборот „уникатен“ и фразите како „I love me“, а тоа јасно покажува за каков вид индивидуализам се работи.

Некои лингвисти не се согласуваат со тезата и сметаат дека употребата на зборовите не е показател за случувањата во  американското општество.

„Луѓето реферираат на себе во еднина почесто отколку во множина и тоа не мора да значи дека станале егоисти или индивидуалисти. Едноставно, почесто користат една од друга форма“, вели Денис Барон од Универзитетот Илиноис.

Извор:Он Нет