ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈА


 


Најубавите македонски цркви, манастири и џамии, планини, езера, реки и водопади, најубавите археолошки локалитети, старата македонска архитектура... Се ова е дел од ДВД изданието "Amazing Macedonia" - "Lanscapes & Sounds", во издание на "Трето Уво".

- "Amazing Macedonia" е вид на монографија насочена во правец на презентирање на сето она од Македонија, кое може да се вброи под атрибутот Волшебно.

Иако се работи за обемен и сложен проект, тој сепак нема амбиција да биде енциклопедиски содржаен или да наликува на научно-едукативен труд.

"Amazing Macedonia" е ДВД издание или поточно книга во видео формат, која содржи фотографии, текст, оригинални звуци од природата и музика од македонското поднебје, а со тоа претставува визуелна и акустична слика за тоа како "изгледа и звучи Македонија", велат од "Трето Уво".

Со ова издание за прв пат јавно ќе биде публикуван акустичен запис со автентични звуци од природата во Македонија.
Во креативниот тим што го создаде овој проект се Владимир Арсовски кој работеше на фотографиите, воведот е од Ефтим Клетников, музиката ја работеше Златко Ориѓански, на оригинални звуци од природата работеа Братислав Зафировски и Горан Атанасовски, извршен продуцент е Иво Јанкоски...

(Де.Т.)