Стефан Плескоњиќ, 12-годишниот млад уметник беше примен на триесетминутна срдечна средба и разговор кај премиерот Никола Груевски во Владата на РМ. Притоа првиот човек на Владата беше запознаен со досегашните европски па и светски успеси на младиот уметник.

Покрај реализирањето на годишната стипендија за таленти, Груевски вети и сесрдна поддршка за изложбените проекти кои ќе ги планира и реализира Плескоњиќ, секако поддржан и од неговото семејство. Така, ветена е поддршка и за претстојната самостојна изложба, која ќе се одржи во Брисел, и е десетта по ред за Стефан. Од можните најави за претставување во светот, во план е и изложба во Њујорк, но засега не е прецизирано кога би се остварила.
Извор: Вечер