Москва, 18 декември (МИА) - Православието може да има клучна улога за зацврстувањето на традиционалните вредности во Европа, изјави денеска во Москва грчкиот премиер Костас Караманлис по средбата со поглаварот на Руската православна црква, патријархот москвски и серуски, Алексеј Втори.

- Православието е најздравиот мост за комуникација меѓу нашите цркви и народи. Во овие тешки времиња православието може да има клучна улога за зацврстувањето на традиционалните вредности во Европа. Затоа сега, повеќе од секогаш, ни е потребна соработката и взаемното разбирање меѓу народите и православните цркви, изјави Карамнлис.

На прес-конференција по средбата што се одржа во резиденцијата на патријархот во Даниловскиот манастир, Караманлис го нагласи значењето на работата на Алексеј Втори за „зацврстувањето на православието во Русија и во целиот свет“. дб/сп/16:50