„Моќта на плакатот“ како мото за новото издание на „Скопје постер фестивалот“

Објавено пред 8 часа

- 23 ноември, 2018

Од Макфакс

„Скопје постер фестивалот“ го празнува отворањето на новата деценија во својата историја.

Фестивалот, настан за промоција на плакатот и дизајнот воопшто, кој е единствен од овој карактер во регионот, го отвора своето 11. издание.

Отворањето на овој пат ревидираниот програмски фестивал, чие мото годинава е „Моќта на плакатот“, ќе се офржи в понеделник во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, со почеток во 19 часот.

Фестивалските изложби ќе вклучуваат претставување на над 200 плакати, поставки на тема „Моќта на плакатот“, дела од Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните 10 фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето во земјата со наслов „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.

Славимир Стојановиќ – Футро, како специјален гостин, освен со свои дела, пред македонската публика ќе го претстави својот оригинален роман со илустрирани раскази со наслов „Девет“. Промоцијата и дружењето со Славимир е на 27 ноември, вторник, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“.

Единаесеттиот „Скопје постер фестивал“ ќе биде отворен за посетители до 6 декември.

Извор:

https://makfax.com.mk/kultura/%d0%bc%d0%be%d1%9c%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%bc%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be/