Реконструкција на манастирот Зрзе

Во прилепскиот манастир кај село Зрзе се реконструира североисточниот бедем на значајниот споменик на културата, соопшти Министерството за култура. При крај е реконструкцијата на монашкиот конак, каде што ќе има работилница за иконопис, копаничарство и други дејности што се негуваат во монашкото братство.

До крајот на годината ќе бидат завршени и горната порта и партерното уредување на целиот комплекс, кој има исклучително значење за македонската културна и духовна историја. Во последните години беше пронајдена монашка населба од втората половина на 9 век и старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален маченик од 4, 5 и 6 век.

Извор: Вечер