Во водите на Матка пронајдени остатоци од црква


Ѕидините се наоѓаат на околу 1.500 метри од браната на реката, во нејзиното подножје, непосредно до некогашното корито на реката Треска

Нуркачите од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ во најновата подводна експедиција во водите на езерото Матка фотографираа дел од ѕидините за кои се верува дека припаѓаат на стара македонска црква.



Остатоците од тврдата градба се наоѓаат на околу 1.500 метри од браната на реката, во нејзиното подножје, непосредно до некогашното корито на реката Треска.

- Во пределот кој го маркиравме на нашата прва експедиција, на почетокот на 17-тиот век, патеписецот Евлија Челебија ги има регистрирано селата Козарево и Винце, каде живееле околу 150 семејства. Денес над истиот предел, на површината сe уште постојат остатоци од манастирот Св. Јован Златоуст и извор кој се смета дека има лековита вода. А во нашата експедиција успеавме да регистрираме и фотографираме дел од ѕидините, кои веруваме дека и припаѓаат на стара македонска црква. Сега на ред е да се огласат релевантните институции со детална анализа, изјави Киро Ангелески, претседател на „Врело“.

 

Извор:  http://www.utrinski.mk/?ItemID=0DEC219B7D77DD49B613A5B4E95B4222