TVITer26

ЖИВОТОТ СЕ СЛУЧУВА ВО МЕЃУВРЕМЕ
 
Животот се случува во меѓувреме. Додека чекам голем настан – ќе направам нешто мало. Вежби за телото – во меѓувреме. Уште една страница тих прочит – во меѓувреме. Мал миг на дождот и мала лудост во меѓувреме. Додека ги чекаме настаните, ни се случува растот, но не според наш план. Настани на смрт, успех, болест, Божја посета, оставеност. Прости, Христе, прости, брате.Не чекам грчевито на вас, ами како роса се оставам на тревата.

Животот се случува во меѓувреме и затоа е голем кога е таков – живот надвор од мислите. Ќе Те прославам, Песно, иако следното е можеби Врeсок. Ќе Ви се восхитам, Светци, иако времето окончателно е можеби скрб. Ќе ви говорам, сребро и злато во збор ќе творам, иако следно е можеби загуба на говор: ав, ав или понорен молк.

Животот се случува во меѓувреме... кога отсуството на црква е Црква Света, а братот за кого си слуга е идниот непријател. Нека ме отфрли сè, ама јас, Оној што е животот во мене – ќе си игра согорување, милување. Ќе ги измијам нозете, чиниите, ќе напишам уште збор-два, час-два не ќе правам ништо. Меѓувреме е време на сознание. Меѓувреме е сонот кој треба да буди. Од нас дејствие – од Бога благословие. Меѓувреме Го славам, па макар Он еден ден ми покаже празно небо. Меѓу вдишката и издишката ќе вдахнам смисла, сега и овде, полнократно!


M.

 3.angeli.so.truba

29ти март 2020 лето Господово