Откриен ракопис на Евангелие од IV век
21 јануари 2015 лето Господово

Европските истражувачи соопштија за неверојатно откритие –Евангелие во ракопис од IV век, кое до неодамна се наоѓаше во една од италијанските библиотечни фондови, соопштува информативниот портал Calam1.

Според публикацијата СМИ, древниот кодекс претставува примерок од 2060 страници, изготвени од кожа на газела и поврзани со кожни врвци; како материјал за корицата на книгата е употребено висококвалитетно дрво. Општата тежина на уникатниот артефакт изнесува околу 50 килограми.

Според зборовите на научниците, Евангелието, препишано околу IV век, било завршено во манастирот „Вермут - Џеру“, кој се наоѓа на север од современиот британски град Емберленд. Се претпоставува дека во VIII век било решено кодексот да му биде подарен на папата Григориј II, откако пратениците од манастирот настрадаа по патот околу 716 год во загадочни околности. Историјата на ракописот повторно може да се следи од  XVIII век, кога книгата,  заедно со други книги, влегла во фондот на Флорентинската библиотека на Медичи Лауренцијан, каде останала недопрена до неодамна.

Група археолози и историчари под раководство на доктор Вестри ја пронајдоа старата манускрипта во почетокот на 2000 година, и во текот на тринаесет години правеа истражувања на нејзината содржина и структура. Исто така научниците направија точна копија на книгата, која сега е поставена во Рускиот музеј за Историја на раниот Средновековен период на Нортамбрија.

Како што забележува директорот на музејот Мајк Пенсон, на овој кодекс му претстои да ја одигра својата улога во историјата на библистиката и палеографијата. „Постои голем интерес за нашите ракописи. Споредбата на нам познатите латински, еврејски и древногрчки евангелски текстови со манускриптата на Лауренцијан, ни дозволува да фрлиме поголема светлина на раната етапа на еволуцијата на новозаветниот канон и неговото прифаќање на христијанскиот Запад“, изјави Пенсон во своето интервју за новинарите.
Извор: Православие.ру