Nikola.Tesla.jpg
 ИЗРЕКИ И МИСЛИ НА НИКОЛА ТЕСЛА:
„Сите ние сме поврзани со невидливи сили“
 „Сите ние сме едно. Луѓето меѓусебно се поврзани со невидливи сили.“
„Цврсто верувам во правилото на компензација. Вистинските награди се секогаш во сразмер со работата и жртвите.“
„Дарот на менталната енергија доаѓа од Бога, врвното битие и ако ние ги концентрираме нашите мисли за таа вистина, стануваме складни со оваа голема моќ. Мајка ми ме учеше да ја барам вистината во Бога.“

„Секогаш кога некој од моите блиски и драги луѓе беше повреден, јас чувствував физичка болка. Тоа е затоа што нашите тела се од слична градба, а душите ни се врзани со нераскинливи нитки
Несфатливата тага која понекогаш ќе не обземе, значи дека некаде, на друг крај на оваа планета, умрело дете или благороден човек. Целата вселена е, во одредени периоди, болен, од самиот себе и од нас.
Исчезнувањето на некоја ѕвезда и појавата на комета влијаат врз нас повеќе отколку што ние насетуваме.
Врските меѓу суштествата на Земјата се уште посилни; заради нашите чувства и мисли, цветот поубаво ќе замириса или ќе замолчи.
Тие вистини мораме одново да ги учиме за да се излекуваме. Лекот е во нашето срце и исто така, во срцето на вселената.“
„Голем е оној човек, кој со своите умни дарови и способности ќе ги наткрили другите луѓе, кој собира знаење и открива нови вистини, како што пчелата собира мед, но, сето тоа го крунисува со љубов кон човештвото, за да му помогне што побрзо да излезе од бедата, стравот, гладот, незнаењето, болеста.
 Не се големи оние кои владеат и го подјармуваат човекот, туку оние кои го обогатуваат неговото духовно наследство и со тоа ѝ помагаат на неговата среќа.“
„Животот е ритам кој мора да се спознае. Јас го чувствувам тој ритам и се управувам според него и му се препуштам. Тој е многу благодарен и ми ги даде знаењата кои ги имам.
 Сè што живее поврзано е со длабоки и прекрасни врски: човекот и ѕвездите, амебата и Сонцето, нашето срце и кружењето на бесконечниот број светови.
Тие врски се нераскинливи, но тие може да се припитомат и умилостиват, така што човекот и самиот да почне да создава нови и поинакви односи во светот, а старите да не ги наруши. Знаењето доаѓа од вселената; нашиот вид е неговиот најсовршен приемник.
Имаме две очи: земско и духовно. Треба да се настојува тие да станат едно око.
 Вселената е жива во сите свои манифестации, како некакво мислечко животно. Каменот е мисловно и чувствено битие, како што се растенијата, ѕверот и човекот.
Ѕвездата која сјае бара да ја гледаме и ако не сме толку обземени со себе, би го разбрале нејзиниот јазик и пораки.
Своето дишење, очите и ушите човекот мора да ги усклади со дишењето, очите и ушите на вселената.“
„Насочете ги сите витални и духовни енергии на дело. Оттаму и очистувањето од многу работи и потреби кои ги има човекот. Јас со тоа ништо не сум изгубил, туку само сум добил
 Толку имам добиено, што сум се радувал на секој свој ден и ноќ.
Запишете – Никола Тесла бил среќен човек.“

Подготви:

Мина Даниловска