Состојки:

  • 1 килограм свеж спанаќ
  • 300 грама ориз
  • сол, бибер
  • сескан лист од омагдонос
  • малку масло и малку брашно

Начин на приготвување:

Спанаќот добро да се измие и да се обари. Кога ќе се олади исецкајте го, а за тоа време  сварете го оризот и исцедете го.  Соединете ги оризот и спанаќот, додадете сол, бибер, ситно сецкан магдонос. Доколку смесата е ретка додадете малку презла или брашно. Правете мали шницли и протркалајте ги во брашно, потоа пржете ги на масло додека не поруменат од едната и од другата страна.