„Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот живот подражавајќи го, со оружјето на крстот демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста на Царството, Марие преславна“ (кондак на Утрена во Петтата недла од Великиот пост).

 

На 21.04.2024 година, во Петтата недела од Великиот пост - Неделата на преп. Марија Египетска, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Горан Ставрески, свештеникот Роберт илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Ти која Го роди Лекарот на сите луѓе, радувај се, Богоневесто, жезолу таинствен, од кој процуте цветот неовенлив! Радувај се, Владичице, преку која со радостсе исполнуваме и живот наследуваме“ (песна од Канонот на Мало повечерие на Акатист на Пресвета Богородица).

 

На 19.04.2024 година, во петокот од Петтата седмица од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, во поладневните часови, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на коешто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свешениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Акатистот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

Почитувани верни чеда, во прилог Ви ја пренесуваме Беседата во Четвртата недела од Великиот пост - Неделата на св. Јован Лествичник, од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изговорена во Капелата во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид. 

Повеќе...

На 13.04.2024 година, во Митрополитската резиденција во Охрид, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, оствари средба со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Лвов и Галиција Филарет од Украинската православна црква. Разговорот помина во пријатна и пријателска атмосфера, а беа разменети повеќе мислења и информации за животот во Македонија и Украина, и за состојбата со православната црква во Украина.

Повеќе...

„Од сите краишта те фалат славејќи те и со љубов ти викаат: радувај се, книго света, во која со прст се напиша Словото на Отецот, Чиста. Него моли Го во книгата на животот да се запишат слугите твои, Богородице“ (песна од Канонот на Мало повечерие кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица).

 

На 12.04.2024 година, во петокот од Четвртата седмица на Великиот пост, во попладневните часови, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на коешто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, и ѓаконот Марко Спасовски.

Повеќе...
Страница 1 од 279

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3