“Архи-Архетипски Слики”

самостојна изложба на обекти и цртежи на Тони Васиќ
 
Мултимедијален центар Мала станица

отварање 23.02.2012 г. во 20.00 часот   
 

 Почитувани

Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, во Мултимедијалниот центар Мала станица, на 23 февруари (четврток) во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на објекти и цртежи на академскиот графичар Тони  Васиќ. На изложбата со наслов “Архи-Архетипски Слики” ќе бидат изложени 14 објекти и 20 цртежи.
“Со најновиот проект, македонскиот графичар Тони Васиќ, под наслов „Архи-Архетипски Слики”, се претставува со цртежи и објекти, што им ги посветува на суштествата, со кои се занимаваат науките за пти¬ците и за инсектите (орнитологијата и ентомо¬ло¬гијата).
Интегралниот проект претставува надополнување на неговиот претходно реализиран и презентиран концепт. Имено, симулираното миметичко тр嬬тирање на објектите за кои што е карактеристична употребата на богатство од различно обоени природни материјали (тврди, меки, фра¬гилни, тешки и лесни - пердуви, бодликава жица, клинци,  лушпи од јајца, пеперутки и сл.), Васиќ во актуелниот проект го надополнува и го син¬хро¬ни¬зира со цртежи, чии архетипови се препознаваат во геометриските форми кои¬што непосредно кореспондираат со елементите од објектите. Проек¬тот е генериран од древните, од „пра-архитектонските” објекти, што егзистирале да¬ле¬ку пред први¬те архитектонски креации на човекот.
На богатата барокизирана поетика на објектите, авторот им ги со¬пставува лапидарните, ап¬с¬траꬬтно компонирани студии на цртежите. Со нив¬ната пластична, прец¬и¬з¬на,  минуциозна обработка, ни ги открива оптичко-илузи¬о¬нис¬¬тички¬те ефекти на три¬ди¬мензионалноста, низ чии скриени архетип¬ски сим¬бо¬ли, ни ја презентира загатката за глобалниот свет на природата. Преку веш¬та¬та, виртуелна 3Д обработка на архетип¬ските слики (кругот, квадратот, спиралата, крстот итн. во кои се кондензирани бројните симболи и референци), Васиќ на еден суптилен начин ги поврзува апстрахираните мотиви на гнездата со објек¬тите, проширувајќи го нивното комплек¬сно значење, кое не се однесува само на птиците, туку и на сеопштиот универза¬лен свет на човекот и на приро¬дата…
Васиќ, овој про¬ект, исто¬времено им го посветил и на при¬родата и на човекот, зашто присуството на гне第дата, не ја претставува само ме¬та¬фората на домот, туку и метафората на колевката, на мес¬тото каде се раѓа, за¬пчну¬ва и напушта животот.”

Тони Васиќ е роден 1966 год. во Скопје. Дипломирал 1991 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Магистрирал 2002 година на истиот факултет во Скопје, на катедрата за графика. Член е на ДЛУМ од 1991 година. Досега реализирал 9 самостојни изложби во Македонија и во странство. Учествувал на преку 150 домашни и меѓународни групни изложби, претежно од областа на графиката. Добитник е на 11 домашни и меѓународни награди за уметност и дизајн, меѓу кои и Гран-при на 13. Зимскиот салон на ДЛУМ за 2010 год. Професионално се занимава со ликовна уметност и дизајн. Моментално работи на Универзитетот Американ Колеџ - Скопје, како професор на Факултетот за Архитектура и Дизајн.

Со почит,

Национална галерија на Македонија