УМЕТНИЦИ ВО ОХРИД

 


Во Музеј спомен-куќата Робевци вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата "Климент и Наум нашата духовна светлина". Асоцијацијата за култура ИКОН, вклучувајќи се во одбележувањето на 1100 години од смртта на Свети Наум Охридски подготви репрезентативна ликовна изложба во која се опфатени дваесетина автори со триесетина дела. Меѓу авторите се Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Благоја Дрнков, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Петар Попчев, Владимир Георгиевски, Благој Чушков, Стефан Хаџиниколов, Доне Милјановски, Ставре Димитров - Стадим, Илија Спасовски - Чендо..., плејада на значајни имиња на нашата модерна ликовна уметност.

Изложбата ќе ја отвори Роберт Кирнаг, амбасадор на Република Словачка во Република Македонија. За изложбата во Охрид ќе биде отпечатен каталог, во кој што ќе бидат претставени сите дела од изложбата