Ве информираме дека на 28 декември 2010 година (вторник) во 12 часот, Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се одржи промоција на Монографијата за творштвото на Глигор Чемерски, во издание на Националната галерија на Македонија.

Глигор Чемерски е автор чие творештво остава неизбришлива трага во современата македонска уметност и има создадено голем број монументални мозаици и фрески низ државата - јавни споменици (Вруток, Кочани, Кавадарци), а едно од последните негови вакви големи остварувања е мозаикот за претседателската палата.

За монографијата и творштворо на Глигор Чемерски ќе говорат академик Георги Старделов, претседател на МАНУ, проф. Кирил Темков и проф. Венко Андоновски.

Со почит,
Национална галерија на Македонија