It.glasanje2.jpg

„ПОВРЗУВАЊЕ”
Изложба на Јана Манева - Чупоска
во галеријата на Македонскиот културен центар во Софија

Изложбата под наслов „Поврзување” на Јана Манева - Чупоска ќе биде отворена на 16 декември (четврток) во галеријата на Македонскиот културен центар во Софија. Авторката ќе изложи цртежи изработени во комбинирана туш техника, во кои доминираат гротескни фигури. Се работи за изложба која веќе беше поставена во Македонскиот културен центар во Њујорк и во Националната галерија „Мала Станица” во Скопје и чиј концепт е да „поврзе” што повеќе луѓе и простори. Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Јана Манева - Чупоска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1996 г, специјализирала сликарство во Париз, а пост-дипломски студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршила на Високата школа за применета уметност во Прага и на ФЛУ во Скопје, со што стекнува диплома на Магистер по уметност. Член е на ДЛУМ од 1996 г. и на Македонската асоцијација на модни креатори од 2005 г. Учествувала на повеќе групни изложби, а самостојно изложувала во Скопје (1996), Прага (1999), Париз (2000), Скопје (2004), Охрид (2006), Скопје (2006) и Њујорк (2008). Реализирала повеќе перформанси и видео-арт проекти. Се занимава и со фотографија и моден дизајн, а работи како доцент на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

15.12.2010 год.

It.glasanje2.jpg

Ве информираме дека на 16 декември 2010 (четврток), во 18.00 часот, во организација на Националната галерија на Македонија, во Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, Бугарија, ќе се отвори самостојна изложба на Јана Манева-Чупоска под наслов Поврзување.

Јана Манева – Чупоска е родена 1970 година, во Скопје. Дипломирала сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, специјализирала сликарство во Париз и завршила постдипломски студии по сликарство и необично моделирање во стакло на Факултетот за уметност, архитектура и дизајн во Прага, а потоа и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде се здобива со диплома Магистер по уметност. Од 1996 година таа е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а од 2005 година и на Друштвото на модни дизајнери на Македонија. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор од неа, а исто така, има реализирано и повеќе самостојни изложби во Скопје (1996), Прага (1999), Париз (2000), Скопје (2004), Охрид (2006), Скопје (2006), Њујорк (2009) и Софија (Културно-информативен центар на Р. Македонија во Софија, во организација на Националната галерија на Македонија, 2010). Има остварено повеќе изведби и видео-арт проекти. Таа, исто така, се занимава и со фотографија и моден дизајн.
Работела како моден дизајнер во македонските модни фабрики “Орка” и “Магнолија”. Таа е еден од основачите на приватното модно студио “Еџентриљуе” (“Ексентрик”), како и еден од основачите на Модната Формација на Македонија (Друштво на модни дизајнери на Македонија). Автор е на повеќе модни ревии, како и на уникатни модели за голем број македонски поп ѕвезди. Има изработено и модели за театарски и филмски проекти. Денес работи во сопственото ателје за уметност и мода, но и како вонреден професор на Факултетот за уметност и дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје. Таа е член на Советот на Европскиот Универзитет.

На изложбата ќе бидат претставени дваесет и еден цртеж работени во комбинирана техника на хартија, а датираат од 2005-2009 година, Изложбата ќе биде отворена до крајот на 2010 година. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.


Со почит,
Национална галерија на Македонија