логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Oфицијална посета на Долна Нормандија и релизација на Конференција на тема:
„Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици“
12-16 септември, Долна Нормандија


Во рамките на проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”, Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во соработка со Регионалниот совет на Долна Нормандија (носители на проектната целина за “Културна политика и културна размена”) организираат официјална посета на Долна Нормандија (градовите Каен и Шербур) и конференција на тема: Културни политики: Проблеми во децентрализацијата и територијални предизвици.

Поканети гости и учесници на конференцијата од Македонија се:
-      Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион
-      Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
-      Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за нормативно - правни, управни и имотно - правни работи при Министерство за култура
-      Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
-      Горан Петров, Градоначалник на Велес
-      Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп
-      Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола
-      Тони Чатлески, Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп
-      Ирена Андреевска, Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ - ГУМНО.
-      Зоран Илиевски, Директор на СЕГА - Коалиција на младински организации
Делегацијата ќе биде предводена од организаторите (тимот на Локомотива во состав: Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова (програмски уредници) и Радмила Станојевска). Конференцијата и официјалната посета медиумски ќе бидат покриени од ТВ Телма, од двајца новинари кои патуваат со македонската делегација (Нина Стефанова и Јане Марковски).

На 13 и 14 септември ќе се посетат неколку културни институции (Центарот за фотографија во Шербур, Театарот Тридент - Националната сцена на Шербур, Меморијалниот институт на современо издаваштво и Музејот на уметности во Каен) и општинските администрации на градовите Каен и Шербур. Целта на овие посети е размена на практични искуства за начините на раководење, организирање и програмско уредување на самите институции и нивната улога во креирање на јавни (културни) политики. Средбите ќе се искористат и за согледување на можноста за воспоставување на идни соработки помеѓу општини, агломерации и институции од Република Македонија и Регионот Долна Нормандија.
 
Оттаму, по минатогодишното побратимување на градовите Охрид и Каен, позитивните ефекти од оваа соработка вродија со потпишување на уште еден меморандум на соработка, побратимување меѓу градовите Велес и Шербур. Македонската делегација ќе има можност да присуствува на овој свечен чин од огромна важност за понатамошната соработка меѓу овие две територии.

Конференцијата ќе се одржи на 15 септември во просториите на Регионалниот совет на Долна Нормандија. Таа има за цел да ја потенцира важноста на културата како фактор за социјален и економски развој и анализира предизвиците, можностите и перспективите за стратешки развој на културата на ниво на регион.
 
Конференцијата ќе обедини претставници на централната власт (министри, раководители на сектори), на регионите Долна Нормандија и Пелагонија, на локалната самоуправа (градоначалници, советници за култура), директори на културни институции под надлежност на државата и под надлежност на општините и претставници на граѓанскиот сектор од двете територии.
 
Конференцијата е организирана во две тематски сесии.
Првата сесија под наслов: Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој на културата има за цел да ги претстави и дискутира постоечките модели на културни политики присутни на двете територии и преку една компаративна анализа (земајќи го во предвид различниот социо - културен контекст) да  се согледаат предизвиците и можните модели за развој на културата на регионално ниво.
Втората сесија има за цел преку студија на случаи, конкретни проекти, акциони планови итн. да презентира и отвори дискусија за постоечките и можни начини на имплементација на културните политики на одредена територија. Оттаму, излагачите ќе се обратат на публиката во две тематски рамки насловени:
1. Имплементација на јавни културни политики на ниво на одредена територија.
2. Проекти и инструменти за развој на културата на ниво на одредена територија
 
Конференцијата ќе биде отворена со воведното излагање на: г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател  на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“ и г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Р. Македонија.

Конференцијата во Каен е продолжение на конференцијата што се одржа во Скопје (Мултимедијален центар Мала Станица) на 15 септември 2009 година на тема: Децентрализација на културата во Република Македонија и Франција/Регион  Долна Нормандија.
 
Со оваа конференција се заокружува првиот тригодишен циклус на проектната целина за “Културна политика и културна размена” од проектот за “Децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија”. Вториот тригодишен циклус од проектот (2010-2013) стартува во октомври.
Основната цел на проектната целина за “Културна политика и културна размена” во новиот циклус е апликација на тригодишна проектна програма која ќе резултира со креирање на стратешки документ за регионален културен развој на Пелагонискиот регион, како и развој на професионалните капацитети на локалните културни актери кои ќе придонесат во понатамошен одржлив културен развој и континуирана соработка помеѓу локалните општини и регион од Македонија и регионот Долна Нормандија.

Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.

Со почит,
Виолета Качакова
Проект менаџер
Одговорна за проектот за Децентрализирана соработка
ЛОКОМОТИВА-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
Бул. Партизански одреди 21 (Порта Буњаковец),
А2/3/ 2- 4, 1000 Скопје, Македонија
T/Ф: +389 2 3245 726          
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
http://www.lokomotiva.org.mk/

 

 


РЕГИОН ДОЛНА НОРМАНДИЈА
ДИРЕКЦИЈА ЗА ОПШТИ РАБОТИ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА
ЛОКОМОТИВА - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата

ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ДН/МК
ОСКА 4: КУЛТУРНА ПОЛИТИКА И КУЛТУРНА РАЗМЕНА

Конференцијата посветена на култура
Среда / 15 септември / 09:00 – 18:00 / Kаен

„КУЛТУРНИ ПОЛИТИКИ: ПРОБЛЕМИ ВО ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА И ТЕРИТОРИЈАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ“

09:00 – 09:30 Пречек / кафе
Сабин Гише Лебаи, раководител на секторот за децентрализирана соработка во Регионалниот совет на Долна Нормандија, вовед и модератор на претпладневните дебати

09:30 – 10:15 Вовед
Г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател  на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“, и г-дин Муса Џафери, Министер за локална самоуправа на Р. Македонија

Г-ѓа Паскал Коши, Заменик-претседател на Регионалниот cовет на Долна Нормандија, задолженa за култура ќе биде присутна и ќе учествува во дискусиите на Конференцијата.

Тема: Локални културни политики, предизвици во рамките на соработката за двете територии
- Историја на децентрализацијата
- Актуелна состојба, улогите на регионот
- Културни политики – предизвик во соработката
- Перспективи на соработката помеѓу двата партнера во доменот на културната

10:15 – 13:00 СЕСИЈА 1
Панелисти - претставници на: држава / регион, општина, граѓански сектор (20 минути за секој панелист)

10:15 – 12:30 Територијални културни политики: Можности и потреби за регионален развој на културата
„Креирање и спроведување на културни политики од страна на различни надлежни органи: национални, регионални, локални, здруженија на граѓани и асоцијации. Потреби и перспективи за регионален културен развој“
- Како  да се создаде регионален културен идентитет задржувајќи ги културните специфичности на локалните заедници
- Меѓу-општинска соработка во рамките на еден регион и меѓурегионална соработка во рамките на една држава
- Како соработуваат креаторите на културна политика од различни нивоа: улога и активности на културните актери во еден регион

Панелисти од Македонија:
- Емилиа Ѓероска, Раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион
- Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
- Биљана Тануровска- Ќулавковски, Менаџер на Локомотива

Панелисти од Долна Нормандија:
- Изабел Лабиш Митендорф, Директор за култура во Регионалниот совет на Долна Нормандија
- Мишел Полве, Заменик градоначалник одговорен за култура на градот Флер
- Жаклин Бори, Потпретседател во Африкалес (Асоцијација за африканска култура во Долна Нормандија), заменик градоначалник на Флер-сур-Орн, задолжена за децентрализирана соработка

Модератор: Сабин Гише Лебаји

12:30 – 13:00 Прашања и одговори
13:00 – 13: 20 Средба со новинари
13:20 – 14:45 Ручек

14:45 – 17:15  СЕСИЈА II – организирана во две тематски работилници

Работилница 1
Имплементација на јавни културни политики на ниво на одредена територија

Панелисти од Македонија:
- Драгана Ќурчиоска, Раководител на Сектор за нормативно - правни, управни и имотно - правни работи при Министерство за култура
- Евгенија Бeкташ Јосифовска, Советник за култура во Општина Битола
- Горан Петров, Градоначалник на Велес

Панелисти од Долна Нормандија:
- Жан Клод Магалае или Лидија Теулиен, Заменици градоначалници за децентрализирана соработка и култура на градот Шербур
- Ноел Лемолф, Заменик градоначалник, задолжена за култура, спречување од ризици и безбедност на градот Иф
- Лорен Поре, Координатор на асоцијацијата Балкан Транзит
- Пјер Шмит, Директор на Регионален центар за етнологија и етнографска техника

Работилница 2
Проекти и инструменти за развој на културата на ниво на одредена територија

Панелисти од Македонија:
- Марјан Ристески, Градоначалник на Прилеп
- Борче Димитровски, Директор на Центар за култура Битола
- Тони Чатлески, Директор на Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп
- Ирена Андреевска, Директор на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ - ГУМНО.
- Зоран Илиевски, Директор на СЕГА - Коалиција на младински организации

Панелисти од Долна Нормандија:
- Мишел Полве, Заменик градоначалник задолжен за култура на градот Флер
- Жером ле Тентурие, Изабел Мисандо и Марин Костар - Претставници на Relais Culturels Regionaux од градот Флер
- Kсавиер Гонзалез, Мари-Бланш Прон, Претставници на Relais Culturels Regionaux од општината Tеси сур Вир
- Гералдин Ует, Директорка на меѓу-општинскиот дом за млади и култура на општината Ерманвил

17:30 – 18:15 Заклучоци од дебатите
19:00 – 22: 30 Официјална вечера со г-дин Ален Туре, Заменик претседател на Регионалниот совет на Долна Нормандија, Претседател на комисијата „Европа, соработка туризам, реунификација на Горна и Долна Нормандија, земјоделство и риболов“

*   *   *

Конференцијата се реализира во рамките на проектната оска 4: Културна политика и културна размена од „Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија“. Носители на овој проект се Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Регионалниот совет на Долна Нормандија.
Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная