Од 6 до 9 мај 2010 година во Охрид ќе се одржи
Втората светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог под мотото

“Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите“

Организатори на Конференцијата се Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници на Република Македонија.
Настанот е поддржан од Владата на Република Македонија и од УНЕСКО.
На конференцијата се очекува присуство на околу 300 политичари, научни и културни работници, експерти за интеркултурниот дијалог и претставници на различни религии од целиот свет.

Конференцијата„  “Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите се организира во рамки на Меѓународна година на ООН за зближување на културите.
Настанот е во рамките на “Декада за дијалог помеѓу цивилизациите“ и “Декада за култура на мирот на ООН и УНЕСКО “и претставува континуитет на дијалогот започнат во Охрид  од 26-28 октомври 2007 година .   
Со реализацијата на Втората светска конференција ќе се одбележат три значајни јубилеи во Република Македонија.  
- 100 години од раѓањето на светската хуманистка Мајка Тереза,
- 1100 години од упокојувањето на Св. Наум
- 1400 години од објавувањето на првото издание на Куранот