28.01.2010, Скопје

 Македонската академија на науките и уметностите организира свечен собир по повод одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето и 10-годишнината од смртта на академик Славко Јаневски. (МАНУ/12:00)

 

 

По повод 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на Славко Јаневски, денеска во 12 часот во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи свечен собир во негова чест.

За творештвото на Јаневски и за неговото влијание во развојот на македонската современа литература ќе зборуваат Георги Старделов, претседател на МАНУ и Влада Урошевиќ, секретар на одделението за уметност. Извадоци од творештвото на Јаневски ќе интерпретира актерот Владимир Јачев.

По повод двете годишнини утре во 11 часот во Паркот на жената-борец свечено ќе биде откриен и споменикот на Јаневски, дело на академик Томе Серафимовски. На свеченоста, по повод откривањето на споменикот, ќе зборува академик Цветан Грозданов, претседател на Управниот одбор на Фондацијата „Трифун Костовски“, со чија парична поддршка е изработено делото.