логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Повеќе од 700 уметници ќе учествуваат на 14. Биенале што ќе трае до 12 септември

Тина Иванова
Катерина Богоева


Со заедничкиот концерт на неколку реномирани светски и македонски музичари, утревечер, на Скопскиот плоштад во 20 часот, ќе стартува 14. издание на Биеналето на млади уметници од Европа и Медитеранот кое годинава се одржува во Скопје и ќе трае до 12 септември под името „7 порти”.

Македонија и Скопје ја имаат честа да бидат домаќини на оваа мошне значајна манифестација во чии рамки, покрај музиката, се содржани скоро сите уметнички дисциплини - театар, филм, визуелни уметности, танц, литература, применета уметност и гастрономија. Ќе пристигнат повеќе од 700 млади артисти од 46 европски земји, со цел да ги претстават своите уметнички дела и заедно да творат.

На свеченото отворање на Биеналето, под името „Конспираси“, концерт ќе одржат светски познатите Франк Лондон на труба од Њујорк (добитник на Греми награда), Американецот Боб Стјуарт на туба, еден од најпознатите тубисти во светот кој соработувал со врвни џез-имиња, потоа Амир Ел Сафар на труба од Ирак, но кој живее во САД и соработува, меѓу другите, и со големиот класичен пијанист Даниел Баренбоим, потоа Италијанецот Џанлука Петрела на тромбон, Изет Кизил од Турција на перкусии, познат на македонската музичка публика, како и македонскиот музичар Џијан Емин на хорна, член на групата „Проект жлуст“, а кој воедно е задолжен и за музичкиот дел од програмата на Биеналето. Тој истакнува дека од 3 до 12 септември во Скопје ќе работат 32 музички групи и артисти, чии настапи ќе се одвиваат на повеќе локации низ градот, како кејот на Вардар, „Школката“ во Градскиот парк, платото пред Дом на АРМ, Музејот на град Скопје,.

„Групите и артистите кои ќе пристигнат во Скопје се со мошне различна жанровска определба. Ќе имаме можност да чуеме поп-рок музика, етно, електронска музика, ска, експериментална музика. Предвидено е за време на Биеналето да се одржат и неколку музички работилници кои ќе ги водат токму музичарите што утревечер ќе одржат концерт и што претставува вистинска привилегија за нас”, вели Џијан.

Покрај споменатите музичари, во Скопје ќе пристигне и познатиот хрватски дизајнер Давор Брукета. Покана да учествуваат на Биеналето добиле и македонските уметници кои живеат во странство, поетесата Лидија Димковска и драматургот Горан Стефановски. Ќе се одржат и неколку театарски претстави, класични и куклени, ликовни изложби, презентација на филмови (документарни, играни и анимирани), како и ревија на млади дизајнери… Со оглед дека сите настани ќе бидат достапни за сите граѓани, односно ќе бидат бесплатни, организаторите се надеваат дека ќе ја постигнат целта, да ја доближат уметноста до пошироката јавност.

Координарката на настаните од областа на визуелната уметност, историчарката на уметност Маја Чанкуловска потенцира дека на ова издание на Биеналето ќе бидат изложени околу 500 дела на 230 автори (или групи на автори).

„Категоријата визуелни уметности опфаќа различни дела – инсталации, пластична уметност, видео, стрип, сајбер, јавна уметност, перформанси итн. Делата, според својата специфика, ќе бидат изложени во повеќето галериски простори кои се соодветни на барањата на авторите. Бидејќи во рамките на категоријата, визуелни уметности ги користиме веќе постоечките изложбени простори како што се: двата изложбени простори на Националната галерија на Македонија – Мултимедијалниот центар „Мала станица“ и Чифте-амам, потоа Музејот на современата уметност – Скопје, Музејот на град Скопје со Отвореното графичко студио, Домот на АРМ, Младинскиот културен центар, сметам дека ги поставуваме делата според одговарачките простори. Односно, се обидовме најдобро можно да одговориме на задачата да направиме спој на она што веќе го имаме, со она што се однесува на специфичните технички барања на секој автор“.

Во Куршумли-ан во Музејот на Македонија, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ и во Музејот на град Скопје во петок, на четврти септември од 11, односно од 12 до 19.00 часот, ќе се одвиваат неколку визуелни настани на уметници од различни земји: перформанс, работилница со ограничен број на публика , проектот „Слики во движење“ (мониторинг во кутија и видео во простор).

Во попладневните и вечерните часови истиот ден, публиката ќе може во Македонскиот народен театар да проследи танцови претстави од уметници од Португалија, а во Младинскиот културен центар, од Словенија. Перформанс од млади уметници од Египет, Шпанија, Италија и Словенија ќе биде изведен во дворот на Куршумли ан, со почеток во 20 часот, каде од 20 до 22. 30 часот биде одржан и прв кино дел од проектот „Слики во движење“.

Во Даут пашиниот амам истата вечер, свој настап на литературна вечер е планирано да имаат автори од Италија, Шпанија и Словенија, во Драмскиот театар претстава ќе одржи театарска група од Малта, а во Македонската опера и балет ќе танцуваат уметници од Грција. Изложбите на Биеналето ќе и бидат достапни на публиката до крајот на неговото одржување, а дел од нив и по завршувањето.

Инаку, патрон на овој настан кој се одржува по 14 пат, но првпат кај нас и воопшто на Балканот, е еврокомесарот за култура, Јан Фигел. Во организацијата на Биеналето, кое се одржува под ингеренција на Министерството за култура и Градот Скопје, се вклучени повеќе културни институции од земјава.

Утрински весник



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная