В петок (31 јули) вечер со почеток во 20,30 час. на летната сцена под јаворите во Стар Дојран свечено ќе биде отворено 33-тото издание на летната културна манифестација Дојрански ракувања, која оваа година се одвива под мотото Светлините на Полин. По поздравната реч на Градоначалникот на Општина Дојран г-дин Глигор Чабулев, ќе започне сценски колаж по мотивите на македонски автори, со настап на писатели, актери и КУД Русалии.
Програмата ќе се одвива до 20 август и на повеќе локации, а таа е составена од повеќе музички точки, театарска изведба, поетска вечер и филмски проекции.
Иако со скромен буџет, во текот на ова манифестација ќе има вкупно дванаесет културно-уметнички содржини.
Покровители на Дојранските ракувања традиционално се Министерството за култура и Општина Дојран, а помагатели и партнери во реализацијата се повеќе културни институции од државата.


тел. 034 225 133

 


Дојрански ракувања 2009:
СВЕТЛИНИТЕ НА ПОЛИН

 

31 јули (петок)
Свечено отворање: поздравен говор на Градоначалникот на Општина Дојран Г-дин Глигор Чабулев; Сценски колаж според мотиви од македонски автори со настап на актери, писатели и КУД Русалии - Секирник

3 август (понеделник)
Песни од Валандово фест

5 август (среда)
Поетска вечер на современи поети од Југоисточниот регион

6 август (четврток)
Настап на КУД Распеани Гевгеличани и ЗГ Сежам, со музичката група Вардарец

7 август (петок)
Настап на Распеани Валандовчани и КУД Младост – Јосифово

8 август (сабота)
Настап на Ансамбл Тримери од Струмица

9 август (недела)
Музичка вечер со СОУ Богданци

11 август (вторник)
Театарска претстава ФЕНИЧАНКИ во изведба на НУЦК Антон Панов - Струмица

13 август (четврток)
Настап на КУД Гоце Делчев – Босилово

15 август (сабота)
Филмска вечер: проекција на ФИЛМОВИ ЗА ДОЈРАН од Кинотеката на Македонија

16 август (недела)
Филмска вечер: проекции на кратки и документарни филмови од АСТЕРФЕСТ

17 август (понеделник)
Филмска вечер: проекција на НАГРАДЕНИТЕ ФИЛМОВИ од Државниот фестивал на непрофесионален филм