Ве информираме дека на ден 08.05.2009 (петок), со почеток во 13:00,  во Националната галерија на Македонија, објект Чифте  амам, ќе се отвори  Вториот младински пролетен салон ,,Ратка Илиевска – Лале”.
Салонот го организира едукативното одделение  на  Националната галерија на Македонија, ќе го отвори  директорот на Националната галерија на Македонија, г-ѓа Маја Крстевска и ќе трае до 18.05.2009 година.
Инаку, ќе бидат изложени творби на ученици и студенти од 15 средни училишта и 2 факултети од Р. Македонија. Творбите се на тема ,,Создавање светови” и се работени во повеќе ликовни техники. На најдобрите дела ќе им бидат доделени признанија.
,, За младите ова е одлична можност да изложуваат во професионален и оригинален амбиент, а за едукативниот сектор на Националната галерија на Македонија уште еден обид ликовната култура да добие соодветен третман во рамките на образовниот систем и животот воопшто”.

 

Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери да го проследат настанот.

 

Ви благодариме за соработката.
    НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА