Скопје, 16 јануари (МИА) - Четири скулптури в недела ќе бидат промовирани во центарот на Скопје, во рамките на проектот на Министерството за култура со кој годинава во главниот град треба да бидат поставени 40 скулптури од 28 автори.

Во присуство на премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и на авторите на делата, задутре пред Камениот мост на плоштадот „Македонија“ ќе биде откриена скулптурата  „Заљубени” на уметникот Димитар Филиповски.

На потегот од плоштадот кон улица „Македонија“ ќе бидат презентирани и скулптурите „Девојче” на авторката Грозданка Каникова, „Шмизла” на Димитар Филиповски и „Мачка” на  скулпторот Томе Аџиевски. хс/ 14:48