Уметнички дела од Стопанска банка


Свечено отворање на изложбата на која ќе биде претставен дел од вредната уметничка колекција на Стопанска банка АД Скопје, ќе се случи денеска (13 ч.) во на Даут Пашин Амам.
Изложбата содржи дел од значајната колекција на Стопанска банка изградена во текот на повеќе години како резултат на бројни реализирани проекти и акции.

- Ќе имаме особена чест да ги споделиме уметничките дела на некои од врвните мајстори од Македонија и светот како: Мартиноски, Мазев, Бербер, Иваницки, Чапл и др., велат од Стопанска банка.

Изложбата е по повод влезот во 65-та година од основањето, а од Банката велат дека ова е почеток на низа настани со кои во 2009 ќе се прослави значајниот јубилеј.