В сабота, на 29 ноември, со почеток во 19,30 часот, во малата сала на НУЦК Антон Панов во Струмица, Тивериополската филмска алијанса ќе го промовира документарниот портрет за Ацо Алексов (1932-2005). Документарецот комплетно е посветен на Ацо Алексов, доајенот на македонската театарска, филмска и ТВ режија, а е во продукциј а на МТВ. Овој нов проект е во режија на Томислав Алексов, чиешто е и сценариото, тонот е на Филип Поповски, светлото на Аце Велевски, камерата на Александар Касапинов и монтажата на Едип Салих. Со оваа проекција продолжува циклусот на Тивериополските филмски вечери во Струмица, во знак на авторите кои потекнуваат од овој крај.