Швајцарскиот фотограф Кристијан Швагер неделава ќе гостува во Македонскиот центар за фотографија и ќе одржи презентација и фотоработилница на тема „Урбан пејзаж“. Тој ќе го прикаже своето творештво преку тематската серија „Градот и неговите скриени димензии“. Презентацијата ќе се одржи вечерва, во 20 часот, во Македонскиот центар за фотографија во Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Фотоработилницата опфаќа четиридневна работа на терен и во лабораторија, ќе почне утре, а ќе заврши во четврток.