Со перформанс пред влезот на државната библиотека „Фултон“ во Атланта, Џорџија, САД, сликарот Сергеј Андреевски денеска ќе ја отвори најновата самостојна изложба насловена „Бранување“.

Настапот на нашиот ликовен уметник е најавен како вовед во денот посветен на уметноста во Атланта.

На улицата, спроти националниот „Хај музеј“, каде што ќе биде отворена изложбата „Најдоброто од Лувр во Атланта“, Андреевски ќе слика под јарболот на кој ќе биде истакнато македонското знаме.

Поставката содржи 20 платна од последниот творечки циклус на сликарот, насловен „Бранувања“. Организатор и спонзор на изложбата е уметничката фондација АСОЛАРЕ, каде што Сергеј почесно членува од 2000 година како координатор за Европа.

Ова е прво самостојно претставување на Андреевски во државата Џорџија, а во последниве десетина години неговите слики биле изложени во Њујорк, Рајли, Салзбери, Фетвил, Вилмингтон и други американски градови. Изложбата ќе биде отворена до 7 ноември