ОПЕРА


Риголето во МОБ


Вердиевата опера "Риголето" е на репертоарот на МОБ денес (20 ч.).
Диригентската палка е на гостинот од Полска, Јануш Пшибилски. Младите македонски оперски пејачи Ана Ројдева-Талеска и Ѓорѓи Цуцковски ќе настапат во улогите на Џилда и Војводата од Мантова. Во улогата на Спарафучиле ќе може да се чуе Игор Дурловски, кој од оваа сезона е член на оперската куќа, а во улогата на Мадалена - Ирена Кавкалевска. Настапува и Нико Исаков во насловната улога -Риголето, како и солистите, оркестарот, хорот и дел од балетскиот ансамбл на МОБ.

Режисер на претставата е Нина Најденова од Бугарија, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимите се на Марија Пупучевска, а кореографи се Саша Ефтимова и Киро Павлов.